ВМРО-ДПМНЕ: Нападите врз УЈП се тотално неосновани

Илустрација: Прес-конференција во УЈП.

Нападите врз УЈП се тотално неосновани и без никакви докази, реагира ВМРО-ДПМНЕ. Во последниот извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија, кој беше оценет како најпозитивен досега, токму УЈП беше посочена како институција која забележа напредок во работењето и позитивни оценки во борбата со криминалот и корупцијата, се вели во реакцијата. Според партијата, за работата на УЈП во времето на СДСМ најдобро говори правосилната судска пресуда за поранешната директорка Петра Митева која надвор од законските постапки купувала деловен простор во зградата Тифани.