Пратениците декларативно ги поддржуваат барањата на АМАН

Граѓанската иницијатива АМАН ги предаде собраните потписи во Собранието. Опозицијата ги поддржува нивните барања, а пратеници од владејачкото мнозинство велат дека треба да се разгледаат.
Граѓанската иницијатива на АМАН која треба да влезе во собраниски процедура пратениците велат дека сериозно ќе ја разгледаат. Некои очекуваат да биде прифатена, а други се сомневаат. Од АМАН бараат да се врати дневната евтина тарифа на струјата и да не им се наплаќа парно на оние кои што не го користат.
Од името на партијата не можам да кажам, бидејќи се уште во органите не е разгледана и мислам дека ќе ја разгледаме и не би требало да има пречки да се поддржи таквата иницијатива.
Талат Џафери, ДУИ.

Пратеникот на ДУИ Талат Џафери е убеден дека Парламентот сериозно ќе го разгледа предлогот и се надева дека пратениците ќе гласаат во негова полза.

„Од името на партијата не можам да кажам, бидејќи се уште во органите не е разгледана и мислам дека ќе ја разгледаме и не би требало да има пречки да се поддржи таквата иницијатива.“

Пратеникот од Демократскиот сојуз Павле Трајанов, вели дека пред да се донесе конечната одлука дали иницијативата ќе била прифатена, потребно е најпрвин пратениците да расправаат за неа.
Јас се надевам дека колегите пратеници, доколку ние не учествуваме во работата на собранието, доколку имаат сила ќе ја разгледаат иницијативата најсериозно и имајќи ги предвид проблемите на граѓаните со високите сметките за електрична енергија, најискрено се надевам дека иницијативата ќе биде прифатена.
Марјанчо Николов, СДСМ.

„Јас би поддржал решенија кои се прифатливи и се во функција на заштита посебно на најсиромашното население, на најзагрозените.“

Пратеникот на ДПА Зијадин Села вели дека иницијативата пред се е праведна и тоа треба да го земат во предвид сите политички партии кои се во Парламентот.

„Таквите барања не се прават ниту од политички цели, ниту се прави за некоја афирмација на некои луѓе кои се во АМАН, туку се работи за маката на граѓаните што ја имаат овие години, а тоа е дека се повеќе и повеќе осиромашуваат. Во вакво време иницијативата треба да биде прифатена, јас како пратеник ќе ја прифатам.“

Пратеникот на СДСМ Марјанчо Николов вели дека тој лично ја поддржал и потпишал иницијативата на АМАН.

„Јас се надевам дека колегите пратеници, доколку ние не учествуваме во работата на Собранието, доколку имаат сила ќе ја разгледаат иницијативата најсериозно и имајќи ги предвид проблемите на граѓаните со високите сметките за електрична енергија, најискрено се надевам дека иницијативата ќе биде прифатена.“

Пратеничката на НСДП Соња Мираковска вели дека стојат зад барањата на АМАН, но не очекува дека владејачкото мнозинство ќе има слух за нивните барања, поради нивниот досегашен став.

„Тие цело време правеа анти-протести на АМАН, тоа значи дека во Собранието нивната иницијативата ќе доживее неуспех, но нема ни да се слушне глас, затоа што не очекувам воопшто дека некој ќе дискутира на таа тема.“

Од АМАН велат дека прифаќањето на иницијативата ќе биде добар аргумент на владејачкото мнозинство дека сепак легитимно ги преставува и ги брани интересите на граѓаните.