Македонија за една година падна за 22 места и сега е на 116 место во светот според слободата на печатот, покажува извештајот на „Репортери без граници“. Како причини за падот во извештајот се наведени одземањето на лиценци за работа на неколку медиуми и влошувањето на условите за работа за новинарите. Во последните четири години, Македонија паднала за 82 места на листата.
Следејќи го опасниот пример на Унгарија и Италија, Македонскиот парламент се подготвува да воведе „легална цензура“ во земјата. Ова дел од описот за состојбата во Македонија во извештајот на „Репортери без граници“ во кој земјава бележи пад од 22 места на скалата со која се проценува слободата на печатот. Како причини за ваквиот пад во извештајот се наведени одземањето на лиценци за работа на неколку медиуми и влошувањето на условите за работа за новинарите. Македонија е на 116-то место, пред нас на 115 место е Нигерија, а по нас Венецуела.
Хрватска и Србија бележат подем, првата за 4 места со што се позиционира на 64-тото место, додека втората за 17 места при што сега е на 63-то место. Пад од 6 места бележат Албанија која што стигна на 102 и Црна Гора која е на 113-тото место.
Во извештајот е наведено дека Албанија, Црна Гора и особено Македонија бележат уназадување на индексот со исто „жално“ објаснување: судски злоупотреби врз основа на несоодветна законска регулатива, потоа недостаток на пристап до информации од јавен карактер, користење како алатка на јавниот и приватниот рекламен пазар, одржување на сивата економија во виталните делови на медиумите како и физичко и психичко насилство врз тие кои што работа во информативните сектори во медиумите.
Здружението на новинарите на Македонија со жалење констатира дека оваа оценка реално ги отсликува состојбите во македонските медиуми за кои се алармира со години. Во писменото соопштение од здружението е наведено дека крајно време е владините институции, но и политичките партии и јавноста да се соочат со фактот дека слободата на медиумите во Македонија е сериозно загрозена и не може да се надмине без суштинска промена на односот кон работата на медиумите и на новинарите.
Лошиот имиџ во светот за слободата на медиумите за Македонија нема да се смени се додека Владата и политичките партии ги третираат медиумите како средство за манипулација со јавноста и како средство за политичка пресметка со противниците е наведено во реакцијата.
Според последниот извештај, Македонија не само што е последна во регионот, туку е на самото дно на Европа.
Директорката на Македонскиот институт за медиуми Билјана Петковска вели дека тоа е исклучително застрашувачки податок кој треба да не загрижи сите и треба да се разбере дека таквите податоци не смее да се игнорираат ниту од институциите, а најмалку од медиумите.
„Затоа што имаат исклучително негативни последици врз имиџот на државата, угледот на Македонија“, вели таа.
Слободата на медиумите во изминативе неколку години континуирано се влошува. За само 4 години Македонија забележа пад од 82 места. Во 2009 година земјата беше позиционирана на 34 место и беше лидер во регионот.
„Со текот на годините, како прашањата и проблемите во медиумската сфера не се решаваат и се одложуваат и се манипулираат и се злоупотребуваат, така расте и на некој начин и притисокот и тежината од тој проблем и тоа ќе се мултиплицира секоја година, се повеќе и повеќе“, вели Петковска.
Големи падови бележат Унгарија, Грција и Бугарија. Најголем подем во регионот има Србија која во годинашниот Индекс е на 63 место, односно 17 позиции понапред од лани. На прво место на листата од 179 земји е Финска, а на последно Еритреја.
Здружението на новинарите на Македонија со жалење констатира дека ова оценка реално ги отсликува состојбите во македонските медиуми за кои се алармира со години. Kрајно време е владините институции, но и политичките партии и јавноста да се соочат со фактот дека слободата на медиумите во Македонија е сериозно загрозена и не може да се надмине без суштинска промена на односот кон работата на медиумите и на новинарите.Писменото соопштение од Здружението на новинари.
Хрватска и Србија бележат подем, првата за 4 места со што се позиционира на 64-тото место, додека втората за 17 места при што сега е на 63-то место. Пад од 6 места бележат Албанија која што стигна на 102 и Црна Гора која е на 113-тото место.
Во извештајот е наведено дека Албанија, Црна Гора и особено Македонија бележат уназадување на индексот со исто „жално“ објаснување: судски злоупотреби врз основа на несоодветна законска регулатива, потоа недостаток на пристап до информации од јавен карактер, користење како алатка на јавниот и приватниот рекламен пазар, одржување на сивата економија во виталните делови на медиумите како и физичко и психичко насилство врз тие кои што работа во информативните сектори во медиумите.
Здружението на новинарите на Македонија со жалење констатира дека оваа оценка реално ги отсликува состојбите во македонските медиуми за кои се алармира со години. Во писменото соопштение од здружението е наведено дека крајно време е владините институции, но и политичките партии и јавноста да се соочат со фактот дека слободата на медиумите во Македонија е сериозно загрозена и не може да се надмине без суштинска промена на односот кон работата на медиумите и на новинарите.
Со текот на годините како прашањата и проблемите во медиумската сфера не се решаваат и се одложуваат и се манипулираат и се злоупотребуваат, така расте и на некој начин и притисокот и тежината од тој проблем и тоа ќе се мултиплицира секоја година, се повеќе и повеќе.Билјана Петковска, Македонски институт за медиуми.