Претседателот Ѓорге Иванов донесе одлука да поведе иницијатива за формирање објективна непартиска експертска комисија за утврдување на фактите за настаните од 24 декември 2012 година, во и пред Собранието, но и за настаните кои претходеа.
Како што соопшти Кабинетот на претседателот, писмото со иницијативата е испратено до претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, до премиерот Никола Груевски и до претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски.
„Република Македонија се наоѓа во еден исклучително значаен период поврзан со реализацијата на поставените стратешки цели. Последниот заклучок на Европскиот совет, иако не ги исполни нашите очекувања, сепак претставува перспектива за следниот чекор во евроинтеграцијата, добивање датум за почеток на пристапните преговори. Настаните кои претходеа, но кулминираа на 24 декември 2012 година во и пред Собранието на Република Македонија, претставуваат предизвик на овој пат, на кој како држава мора да дадеме одговор“, наведува претседателот Иванов во писмата упатени до Вељаноски, Груевски и Црвенковски.
Претседателот Иванов пишува дека во овој момент не гледа друг начин за утврдување на фактите и објективно согледување на ситуацијата. Според иницијативата, Комисијата ќе има пет членови, од кои еден експерт ќе биде предложен од претседателот на државата, еден од владејачкото мнозинство, двајца од опозицијата и еден странски експерт без право на глас кој би бил предложен од претседателот на Собранието. Претседателот на комисијата би бил предложен од шефот на државата, но избран со консензус. Комисијата ќе има единствено мандат да ги утврдува фактите за настаните од 24 декември 2012 година, но и настаните кои претходеа на тој ден.