Tреба вниманието да се врати на реалните проблеми пред да кажеме дека рецесијата во Македонија продолжува или можеби ќе се продлабочи, вели Фатмир Битиќи од Стопанската комора на северозападна Македонија.
Бизнис заедницата подготвува нови предлози за антикризни мерки кои ќе се достават до владата. Дел од стопанствениците велат дека случувањата на политички план ги засениле економските активности и се надеваат дека предизборието нема да ја закочи поддршката за претпријатијата во услови на неизвесност.
Бизнисменот Зоре Темелковски вели дека во Сојузот на стопански комори во тек се подготовки на нови антикризни мерки.
„Тоа не се мерки кои ќе го забрзаат развојот и зголемувањето на производството, туку тоа се мерки кои ќе допринесат поблаго да се надминат кризните моменти.“
Обртниот капитал во компаниите е намален, забележува Темелковски.
„Компаниите се соочуваат со недостиг од свеж капитал, а давачките мора, поради законските регулативи во целост да ги измируваат, тоа е една строгост, дисциплина што не е за критика, бидејќи тоа овозможува подомаќинско работење на самите бизнисмени“, вели Темелковски.
За жал политичката криза го оттргна вниманието од економскиот развој и мерките против економската криза, вели извршниот директор на Стопанската комора на северозападна Македонија Фатмир Битиќи.
„Иако Министерството за финансии најави одредени кредитни линии како што е повлекување на одредена транша од Европската инвестициона банка, но сметам дека тоа што беше започнато кон крајот на 2012 со отворениот дијалог со Коморите за надминување на економската криза во суштина не се продолжи.“
Битиќи најави дека комората идниот месец ќе настапи со предлог антикризни мерки до Владата.
„За сепак да се сврти вниманието, иако знаеме дека сме во предизборен период. Не знам колку ќе им слух за тоа, но сепак сметаме дека ќе треба вниманието да се врати на реалните проблеми пред да кажеме дека рецесијата во Македонија продолжува или можеби ќе се продлабочи“, вели Битиќи.
Повеќе од десет месеци се бележи постојан пад на индустриското производство заедно со падови на прометот во индустријата.
Компаниите се соочуваат со недостиг од свеж капитал, а давачките мора, поради законските регулативи во целост да ги измируваат, тоа е една строгост, дисциплина што не е за критика, бидејќи тоа овозможува подомаќинско работење на самите бизнисмени.Зоре Темелковски, бизнисмен.
Бизнисменот Зоре Темелковски вели дека во Сојузот на стопански комори во тек се подготовки на нови антикризни мерки.
„Тоа не се мерки кои ќе го забрзаат развојот и зголемувањето на производството, туку тоа се мерки кои ќе допринесат поблаго да се надминат кризните моменти.“
Обртниот капитал во компаниите е намален, забележува Темелковски.
„Компаниите се соочуваат со недостиг од свеж капитал, а давачките мора, поради законските регулативи во целост да ги измируваат, тоа е една строгост, дисциплина што не е за критика, бидејќи тоа овозможува подомаќинско работење на самите бизнисмени“, вели Темелковски.
Сметаме дека ќе треба вниманието да се врати на реалните проблеми пред да кажеме дека рецесијата во Македонија продолжува или можеби ќе се продлабочи.Фатмир Битиќи, извршен директор на Стопанската комора на северозападна Македонија.