Петрески - Охрид под политичко и економско ембарго

Градоначалникот на Охрид Александар Петрески.

Власта подготвува хајка против мене, тврди охридскиот градоначалник Александар Петревски. Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ велат дека не ги интересираат изјавите на актуелниот градоначалник.
Власта подготвува хајка против мене, тврди за Радио Слободна Европа охридскиот градоначалник Александар Петревски. Тој вели дека тоа не било ништо ново за него и оти со тоа живеел веќе неколку години. Петрески вели дека тој и општинската администрација постојано биле изложени на контроли и оти секојдневие им било да работат заедно со инспекторите од полиција. Петрески вели дека општина Охрид била под политичко и економско ембарго.
Се земаат стотици предмети на испитување и полицијата наместо да работи на откривање на криминал, врши комплетна ревизија на целото работење на општината. Тој притисок ние постојано го чувствуваме и јас и сите вработени во општината. Јас за ова сум разговарал со амбасадорите и им кажувам со податоци и со факти и тие ја знаат оваа ситуација. Јас сум изненаден на неколку месеци пред избори целиот комплетен тим во полиција да биде променет. Тимот кој беше до сега добро си ја вршеше професионално работата. Партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ од вработени на аеродром или невработени се вработуваат во полиција.
Александар Петрески, градоначалник на Охрид.

„Се земаат стотици предмети на испитување и полицијата наместо да работи на откривање на криминал, врши комплетна ревизија на целото работење на општината. Тој притисок ние постојано го чувствуваме и јас и сите вработени во општината. Јас за ова сум разговарал со амбасадорите и им кажувам со податоци и со факти и тие ја знаат оваа ситуација. Јас сум изненаден на неколку месеци пред избори целиот комплетен тим во полиција да биде променет. Тимот кој беше до сега добро си ја вршеше професионално работата. Партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ од вработени на аеродром или невработени се вработуваат во полиција“, вели Петрески.

Петрески тврди дека од спротивниот табор веќе работеле на терен. Тој вели дека ако партијата СДСМ донесе одлука да не се оди на избори, тој ќе ја почитува таквата одлука.

„Она што се растоваруваат дрва во населбата Воска и на други места не е случајно и за тоа имам фотографии. Исто така се случуваат и многу други работи. Не ќе ме зачуди во овој период тоа да продолжи да се прави па и понатаму. Фер избори не може да имаме, бидејќи за тоа фер атмосфера требаше да имаме и во минатите 4 години“, вели Петрески.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски кратко одговори дека полицијата работи на откривање на криминалот професионално како во минатото така ќе продолжи и во иднина.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, Атанаско Михаилов, рече дека изјавите на актуелниот градоначалник Петрески нив не ги интересираат. Ако Петрески смета дека ќе победи на претстојните локални избори нека излези на избори и нека покаже колку може или не може, вели Михаилов. Тој е убеден дека нивниот кандидат за градоначалник Никола Бакрачески ќе победи на локалните избори во март и оти изјавите на Петрески биле алиби. Петрески, пак, е сигурен дека ќе победи убедливо во Охрид со 3.000 гласови повеќе.