Лидерска средба меѓу претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Бранко Црвенковски, ќе се одржи во Клубот на пратеници во Скопје. Тие треба да разговараат за излез од актуелната политичка криза. Освен двајцата лидери, на средбата ќе присуствуваат и највисоките претставници на двете партии.
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски ја прифати поканата за средба на премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. Според предлогот на Груевски средбата на која би се разговарало за изнаоѓање на решенија за политичката криза и учество на СДСМ во локалните избори ќе се одржи утре во клубот на пратениците.
„Искрено се надевам дека освен вашата покана за средба кај Вас навистина постои искрена политичка волја заеднички да ги утврдиме и реализираме сите предуслови за одржување слободни и фер избори како прв неопходен чекор за нормализирање на односите и создавање нов и неспорен кредибилитет на државните институции, кои единствено можат да го овозможат граѓаните на Република Македонија. Оттаму свесни за длабоката политичка криза во која се наоѓа земјат а по немилите настани кои се случија пред и на 24 декември, заради создавање на амбиент за успешни ЕУ и НАТО интеграции на земјата ја прифаќам вашата покана“, вели Црвенковски во одговорот на Груевски.
Во меѓувреме отпорот на опозицијата против власта продолжи со зголемен интензитен. Наместо по една отсега ќе бидат блокирани по три раскрсници во Скопје. Горан Мисовски од НСДП му порача на премиерот да размисли колку долго без легитимет може да опстои овој состав на Собранието.
„Не може Груевски да го преземе ризикот или ако сакате ризикот ќе биде негов, ако одлужи да организира локални избори без опозицијата, за нас тие избори ќе бидат нелегитимни и нелегални. Исходот од таквиот тип на избори ќе падне на грбот на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ. Ако на некој во овој момент му е потребно лидерка средба тоа е само на Никола Груевски, да го спаси од страмот што го направи во Република Македонија.“
Според Мисовски единствен излез од кризата се фер и и демократски предвремени избори.
Граѓаните велат дека излегле на улица поради тоа што била нарушена демократијата во земјата.
„Дојдена сум тука против диктатурата што е воведена во оваа држава, во ваква држава нема место за нас младината, нема ни работа, ни ништо, а после прашуваат зошто младите бегаат во странство?
„Причината е поради тоа што оваа веќе популарно наречена ненародна власт ги премина сите граници на демократско однесување.“
Груевски во поканата до Црвенковски истакнал дека средбата е во контекст на предизвиците кои се поставени пред државата, а кои бараат одговорно и сериозно поставување и заштита на државните интереси, како и на интересите на сите граѓани на Македонија.
Искрено се надевам дека освен вашата покана за средба кај Вас навистина постои искрена политичка волја заеднички да ги утврдиме и реализираме сите предуслови за одржување слободни и фер избори како прв неопходен чекор за нормализирање на односите и создавање нов и неспорен кредибилитет на државните институции, кои единствено можат да го овозможат граѓаните на Република Македонија.Одговор на Бранко Црвенковски на поканата на премиерот Никола Груевски.
„Искрено се надевам дека освен вашата покана за средба кај Вас навистина постои искрена политичка волја заеднички да ги утврдиме и реализираме сите предуслови за одржување слободни и фер избори како прв неопходен чекор за нормализирање на односите и создавање нов и неспорен кредибилитет на државните институции, кои единствено можат да го овозможат граѓаните на Република Македонија. Оттаму свесни за длабоката политичка криза во која се наоѓа земјат а по немилите настани кои се случија пред и на 24 декември, заради создавање на амбиент за успешни ЕУ и НАТО интеграции на земјата ја прифаќам вашата покана“, вели Црвенковски во одговорот на Груевски.
Во меѓувреме отпорот на опозицијата против власта продолжи со зголемен интензитен. Наместо по една отсега ќе бидат блокирани по три раскрсници во Скопје. Горан Мисовски од НСДП му порача на премиерот да размисли колку долго без легитимет може да опстои овој состав на Собранието.
Дојдена сум тука против диктатурата што е воведена во оваа држава, во ваква држава нема место за нас младината, нема ни работа, ни ништо, а после прашуваат зошто младите бегаат во странство?Анкетиран граѓанин кој протестира на улиците во Скопје.
„Не може Груевски да го преземе ризикот или ако сакате ризикот ќе биде негов, ако одлужи да организира локални избори без опозицијата, за нас тие избори ќе бидат нелегитимни и нелегални. Исходот од таквиот тип на избори ќе падне на грбот на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ. Ако на некој во овој момент му е потребно лидерка средба тоа е само на Никола Груевски, да го спаси од страмот што го направи во Република Македонија.“
Според Мисовски единствен излез од кризата се фер и и демократски предвремени избори.
Граѓаните велат дека излегле на улица поради тоа што била нарушена демократијата во земјата.
„Дојдена сум тука против диктатурата што е воведена во оваа држава, во ваква држава нема место за нас младината, нема ни работа, ни ништо, а после прашуваат зошто младите бегаат во странство?
„Причината е поради тоа што оваа веќе популарно наречена ненародна власт ги премина сите граници на демократско однесување.“
Груевски во поканата до Црвенковски истакнал дека средбата е во контекст на предизвиците кои се поставени пред државата, а кои бараат одговорно и сериозно поставување и заштита на државните интереси, како и на интересите на сите граѓани на Македонија.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5