Скопјанец во хуманитарна мисија во Сирија
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Скопјанецот Јасмин Реџепи ги раскажува своите искуства од хуманитарната мисија во Сирија. Тој вели дека во изминатава година два пати бил во Сирија, првиот пат во период од 25 септември до 7 октомври, а вториот пат од 8 до 18 ноември. Хуманитарната мисија била спроведена во соработка со турскиот исламски центар од Британија (Turkish Islamic Center ) и англиско-романската организација Обединети муслимани(United Muslim Ummah) како и во соработка со турска невладина хуманитарна организација ( IHH Humanitarian Relief Foundation).