Огласите кои ги објави Агенцијата за администрација пред распишувањето на локалните избори ги подгрева сомнежите дека се вработуваат луѓе кои ќе треба да гласаат за власта на следните избори, коментираат познавачите.
Нови 260 работни места за државни службеници во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, нови вработувања на 34 државни службеници во Министерство за труд и социјална политика, како и 14 во Министерството за транспорт и врски, 12 во Агенцијата за храна и ветеринарство, 9 во детската градинка 11 Октомври во Бутел и 5 во Агенцијата за финанскиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Ова се само дел од огласите кои ги објави Агенцијата за администрација во медиумите пред претседателот на Собранието Трајко Вељаноски да ги распише локалните избори.
Професор Темелко Ристески вели дека досегашното искуство покажува дека пред секои избори се зголемува бројот на огласи за вработување во државната администрација.
„Тоа несомнено упатува на заклучок дека се прави со цел тие нововработени да претставуваат еден нов потенцијал којшто ќе ја поддржи власта, ќе ги поддрќи владејачките гарнитури во трката за добивање, за победа на изборите.“
Според Ристески факт е дека администрација е преголема и секое ново вработување преставува дополнително оптоварување на буџетот на Македонија.
„Не треба да се зголемува бројот на кадарот во администрацијата, туку напротив треба да се намалува со тоа што ќе се бараат решенија со прераспределување на веќе постоечкиот кадар на соодветна работни места во согласност со нивната стручна подготвеност и нивното работно искуство.“
Државната комисија за спречување на корупцијата побара да запрат постапките за вработувања во администрацијата до завршувањето на локалните избори. Во врска со зголемениот број на огласи за вработувања цениме дека се работи за активности ставени во контекст на претстојните локални избори, соопштија од комисијата. Од владата пак велат дека не се работи за партиски вработувања, туку за пополнување на испразнети работни места.
Тоа несомнено упатува на заклучок дека се прави со цел тие нововработени да претставуваат еден нов потенцијал којшто ќе ја поддржи власта, ќе ги поддржи владејачките гарнитури во трката за добивање, за победа на изборите.Темелко Ристески, универзитетски професор.