Медијаторот на Обединетите Нации околу спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц на 29 и 30 јануари ги покани на нова рунда разговори преговарачите на двете страни. Од кабинетот на Нимиц инфомираа дека преговарачите на Македонија и на Грција Зоран Јолевски и Василакис Адамантиос веќе ги прифатиле поканите.
Посредникот Нимиц минатата недела ги посети Скопје и Атина, и по средбите изрази оптимизам и уверување дека е време да се најде решение бидејки за тоа постои волја кај двете страни.
Посредникот Нимиц минатата недела ги посети Скопје и Атина, и по средбите изрази оптимизам и уверување дека е време да се најде решение бидејки за тоа постои волја кај двете страни.