СДСМ остана на својот претходен став дека заедно со локалните избори треба да има и предвремени парламентарни што ќе ги спроведе „влада од доверба“. За да се избегне понатамошно продлабочување на политичката криза единствено решение е да се врати изгубениот легитимитет на институциите. Тоа не може да се случи само на локални, туку преку слободни и фер предвремени парламентарни избори, реагира опозицискиот СДСМ откако Извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ не ги прифати нивните услови за излегување на избори и ги повика пратениците од опозицијата да се вратат во Собранието.
Според СДСМ, во вакви услови е невозможно да се одржат само локални избори, бидејќи тоа би значело легитимирање на однесувањето на власта, а сите оние кои би излегле на тие избори би станале соучесници во укинувањето на демократијата. Предвремените парламентарни избори не се само барање на опозицијата туку неопходност наметната од политичката криза, како и единствено можно решение за истата, се вели во денешното соопштение од СДСМ.
Според СДСМ, Македонија, како земја која сака да стане членка на ЕУ и НАТО, мора да ги промовира и применува вредностите кои се основен постулат на сите развиени демократии.
За СДСМ, по случувањата во Собранието, меѓу другото, невозможно е да се очекува опозицијата, да се врати во Парламентот, кој во овој состав, како што велат, нема никаков легитимитет.