Членките на Европската унија постигнале договор за механизам со кој се овозможува привремено враќање на визниот режим за некоја земја од Западен Балкан. Мерката, како што се наведува, би била активирана доколку се утврди дека дошло до нагло зголемување на бројот на лажни азиланти во Унијата.
До таканаречената „заштитна клаузула“ за безвизниот режим, која веќе начелно била прифатена од Советот на министрите на Европската унија и Европскиот парламент, доаѓа на барање на неколку земји од Унијата кои, по укинувањето на визниот режим за земјите од Западен Балкан, забележале огромно зголемување на бројот на неосновани барања за добивање азил.
Иако во Брисел се појавија некои извештаи дека евентуалното враќање на визите, конкретно ќе важело само за Македонија и Србија од каде што имало и најголем број на лажни азиланти, сепак, според извори во Европската комисија, во клаузулата конкретно не се спомнувала ниту една земја од Западен Балкан.
Имено, земјите членки на Европската унија доколку утврдат дека дошло до вонредно зголемување на бројот на барателите за азил, би можеле да побараат неопходно враќање на визите за некоја земја од Балканот на три, шест или повеќе месеци. Тоа би се образложило со евентуалниот ризик за загрозување на безбедноста на Европската унија.
Во таков случај, Советот на министрите на Унијата донесува одлука со таканаречено квалификувано мнозинство, односно со две третини од гласовите на сите членки на Европската унија. Кај најголемите земји во Унијата гласот има специфична тежина од 29 бодови, додека кај најмалите од три до четири бодови.
До крајот на овој месец би требало за заштитната клаузула да се произнесе Одборот за граѓански слободи на Европскиот парламент. Според некои наводи, во тек било правничко усогласувањето на текстот на клаузулата.
Во октомври минатата година Германија, Шведска и Луксембург, но и некои други земји во Унијата пријавиле зголемен број лажни азиланти, главно Роми од земјите на Западен Балкан, посебно од Србија и Македонија.
Во 2009 година, пред да бидат укинати визите за овие земји, 9.860 македонски и српски граѓани аплицираа за азил во Европската унија. До октомври минатата година, тој број порасна на 33.530. Само во Германија над 10 илјади Срби и над 6 илјади Македонци побарале азил. Србите се на врвот на баратели на азил, далеку пред Авганистанците и Сиријците.
Во Европската унија постојат мислења дека има и други мерки за запирање на големиот прилив на лажни баратели на азил. Со оглед дека тие најчесто се мотивирани од високите парични бенефиции се предлага, меѓу другото, членките на Европската унија да ги забрзаат одлуките за барателите на азил од Балкански земји.
Земјите членки на Европската унија доколку утврдат дека дошло до вонредно зголемување на бројот на барателите за азил, би можеле да побараат неопходно враќање на визите за некоја земја од Балканот на три, шест или повеќе месеци.