Ученик пукал во средно училиште во Конектикат

Ученик е хоспитализиран откако бил погоден со куршум во едно американско средно училиште на 160 километри од Лос Анџелес. Во него пукал 16 годишен ученик вооружен со пушка. Мотивите не се познати а насилникот е уапсен. Повредениот е во критична но стабилна состојба, информираа официјални претставници. Инцидентот се случува по помалку од еден месец од масакрот во едно основно училиште во Конектикат во кој беа убиени 20 ученици и шестмина возрасни.