Палестинскиот претседател Махмуд Абас и лидерот на Хамас Калед Машал денеска во Каиро разговараа за примирје. Претходно тие оддржале одвоени средби со египетскиот претседател Мухамед Морси. До нивната средба доаѓа откако во изминатиов период нивните односи се подобрени по унапредувањето на палестинскиот статус во ОН. Махмуд Абас и Калед Машал потпиша примирје во 2011 година, според кое требаше да биде формирана заедничка влада, нешто што подоцна не беше исполнето. Исламската милитантска група Хамас ја презема контролата врз Појасот Газа од групата Фатах во 2007 година.