Иранската полиција уапсила пет членови на музичка група заради сомневање дека продуцирале песни за ирански музичари во САД и дека обезбедувале видео снимки за сателитски канали кои се сметаат за дисидентски,а емитуваат програма на перисиски јазик, јавуваат новинските агенции. Во Иран официјално музиката од Западот се третира како декадентна, а Иранците можат да набават странска музика само преку тајни канали.