Вжештена политичка атмосфера во Крушево

Општинската организација нa ВМРО ДПМНЕ во Крушево.

Политичката атмосфера во Крушево се вжештува како што се приближува терминот за локалните избори. Наспроти политичките препукувања, крушевчани не го кријат незадоволството од економската слика во градот.
Политичката атмосфера во Крушево се вжештува како што се приближува терминот за локалните избори. Се зголемува бројот на граѓаните кои се дел од отворениот граѓански парламент и кои се погласно го изразуваат незадоволството од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, колку на локално, толку на национално ниво.
Апсолутно е сигурно дека граѓаните сакаат промена на локалната власт. Значи тоа дека СДСМ е во огромна предност и на престојните локални избори и можеби тука е мотивот на дел од сторителите, да внесат страв кај граѓаните, онака како што тие всушност знаат да го прават.
Спасе Стојчески, претседател на општинската организација на СДСМ во Крушево.

Но, зголемената масовност на протестите сметаат крушевските социјалдемократи е причина и за зголемениот револт, страв и паника кај нивните политички опоненти, што деновиве резултирало со кршење на стаклата од просториите каде што е сместена општинската организација на СДСМ во Крушево.

Просториите каде е сместена општинската организација на СДСМ во Крушево.


„Апсолутно е сигурно дека граѓаните сакаат промена на локалната власт. Значи тоа дека СДСМ е во огромна предност и на престојните локални избори и можеби тука е мотивот на дел од сторителите, да внесат страв кај граѓаните, онака како што тие всушност знаат да го прават. Поединечни притисоци се јавуваат кај граѓаните, дека се прават во смисла на тоа, излегувајте-не излегувајте, но ние на тоа ќе се спротивставиме“, вели Спасе Стојчески, претседател на општинската организација на крушевските социјалдмократи.
ВМРО-ДПМНЕ на престојните локални избори настапува со низа реализирани проекти, со план и програма за реализирање на други проекти и вакви немили настани не ни се потребни.
Ѓорѓи Дамчески, претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Крушево.

Но, наспроти овие тврдења и обвинувања од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, не само што демантираат каква било нивна вмешаност во инцидентот, туку велат дека ова е сценарио на СДСМ, која всушност и нема што друго да им понуди на граѓаните.

„ВМРО-ДПМНЕ на престојните локални избори настапува со низа реализирани проекти, со план и програма за реализирање на други проекти и вакви немили настани не ни се потребни. Се плашам дека другата политичка партија, во отсуство на какви било проекти, во отсуство на каква било идеја, единственото што може да го понуди на гласачите и на медиумите се овие искршени прозори“, категоричен е Ѓорѓи Дамчески, претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Крушево.

Најостро осудувајќи го овој инцидент, од општинскиот комитет апелираат и до граѓаните и до МВР што поскоро да се откријат сторителите. Но, во исто време крушевските вмровци им сугерираат на своите политички опоненти, да ја сменат локацијата на протестите, да не го попречуваат движењето на туристите на главната сообраќајница, зашто така не само што не ги поттикнуваат демократските процеси, туку и го кочат развојот на туризмот.

Наспроти политичките препукувања, крушевчани не го кријат незадоволството од економската слика во градот. Тие се помасовно се иселуваат. Цели семејства заминуваат и излез од овој економски колапс, монотонија која веќе не се издржува како што велат, бараат колку во Скопје, толку и во странство.