2012 година била најтоплата во САД, додека јули бил најтоплиот месец од 1895 година од кога и официјално се мери температурата во таа земја, соопшти Националниот центар за климатски промени. Просечната температура била 12 степени целзиусови, што е за степен повеќе од 1998 која се сметаше за најтопла година во САД. Вообичаено е рекордните температурио да растат само за десеттина степен. Американскиот центар за климатски проемни овие податоци ги базира на основа на податоците од повеќе од 1200 метеоролошки станици од 48 сојузни држави на САД.