Паѓа увозот, но паѓа и извозот од Македонија

Илустрација.

Трговската размена со странство во периодот јануари-ноември 2012 година изнесува 9,544 милијарди долари и е за над 900 милиони долари пониска отколку во истиот период минатата година. Трговскиот дефицит на Македонија во посочениот период од 2012 година изнесува 2,253 милијарди американски долари, објави државниот завод за статистика, и е за околу 60 милиони долари помал од истиот период во 2011 година. Македонските фирми во првите 11 месеци во 2012 година увезле производи за скоро 5,9 милијарди долари, а извезле околу 3,645 милијади долари. Извозот во однос на истиот период минатата година е намален за скоро 430 милиони долари, а увозот за околу 490 милиони долари.

Најмногу се извозуваат катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, преработките од нафта, производите од железо и челик(валани производи) и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, рудите на никел и нивните концентрати и електричната енергија.

Македонија најмногу извезува во ЕУ и во земјите од Западен Балкан, а најмногу увезува од ЕУ и од земјите во развој.