Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска се враќа на работа по едномесечно отсуство поради низа здравствени проблеми, вклучувајќи и згручување на крвта во нејзината глава. Таа не се појави во јавноста од турнејата по Европа на 7 минатиот месец.
Стејт департментот објави дека државниот секретар Хилари Клинтон денеска во Вашингтон зад затворена врата ќе се сретне со нејзините помошници. Утре, исто така, без присуство на медиумите, таа ќе разговара со секретарот за одбрана Леон Панета и со советникот за национална безбедност Том Донилон.
Најважниот состанок, според познавачите, ќе биде четврточната средба на Клинтон со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи. Значи, ангажирана недела по реткото отсуство за неуморната Клинтон која за време на нејзиниот четиригодишен мандат пропатува милиони километри, посети 112 земји и мина скоро 400 денови во авион.
„Соединетите држави стојат зад сирискиот народ во инсистирањето дека секој процес на транзиција треба да резултира со обединета, демократска Сирија во која ќе бидат претставени сите граѓани“, изјави Клинтон на 7 декември во Белфаст каде што се сретна со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и меѓународниот посредник за Сирија Лахдар Брахими.
Минатата недела, портпаролот на Стејт департментот Викторија Нуланд најави дека Клинтон најверојатно ќе врати на работа по третманот во една болница во Њујорк на тромб кој и бил откриен во вената зад нејзиното десно уво.
„Некои од постариот кадар кои пред половина час разговале со Клинтон рекоа дека таа звучела оптимистички и оти била мотивирана да се врати на работа“, изјави Нуланд.
Шеесетипет годишната Хилари Клинтон ја напушти болницата минатата среда.
„Бројот на пораките за заздравување можете да го наречете цунами“, изјави Нуланд во врска со тоа колку пораки со поддршка добила Клинтон за време на нејзиниот болнички третман.
Сепак, најверојатно таа веќе нема да патува во странство. Освен што тоа и го порачаа лекарите таа до крајот на месецот треба и да ја напушти функцијата.
Претседателот Барак Обама веќе го наименува сенаторот од Масачусетс Џон Кери за нејзин наследник и тој веќе се подготвува на серијата сослушувања во Конгресот.
Републиканскиот сенатор Линдзи Грем вчера изјави дека ќе го поддржи демократот Кери за иден државен секретар, но не и изборот на Обама, поранешниот републикански сенатор Чак Хејгел да биде нов секретар за одбрана, поради неговите помирливи ставови во врска со Иран.
Според Грем, изборот на Хејгел ќе испрати најлоша можна порака до пријателите во Израел.
„Сенаторот Кери има многу поразлични погледи од моите. Ние сме на спротивните страни на политичкиот спектар, но го почитувам“, изјави Грем.
Болничкото отсуство на Клинтон предизвика и низа сомневања кај нејзините најжестоки критичари кои дури изјавуваа дека станува збор за лажни здравствени проблеми со цел таа да го избегне сведочењето за наодите на комисиското истражување во врска со нападот врз американската мисија во Бенгази, Либија на 11 септември лани при што загина и американскиот амбасадор во таа земја.
Клинтон изјави дека нема намера да не сведочи во Конгресот во врска со трагичниот настан.