Во СДСМ велат дека продлабочувањето на политичката криза може да се избегне со формирање на друг вид на влада, чиј единствен мандат би бил организирање фер, слободни и демократски избори.
СДСМ останува на ставот дека нема да излезат на избори, затоа што власта не може да организира фер и демократски избори. Од партијата велат дека ќе продолжат да функционираат на улица.
„Освен базичните предуслови за прочистен избирачки список и изборна регулатива со вклучени препораки на ОБСЕ/ОДИХР сега логично се поставува прашањето кој ќе ги организира изборите. Ако овој режим покажа дека можат да тепаат за буџет, да тепа буквално за пари, тогаш зошто би се воздржала да користи сили и на избори“, прашува Емилијан Станковиќ од СДСМ.
Според него, продлабочувањето на политичката криза може да се избегне со формирање на друг вид на влада.
„Без разлика како таа би се нарекла - техничка, експертска, концентрациона во која СДСМ воопшто не е заинтересиран да учествува, чиј единствен мандат би бил организирање фер, слободни и демократски избори.“
Станковиќ додава дека сепак тоа што државните функционери се обидуваат да ја сокријат вистината и да не преземат одговорност за „црниот понеделник“ и да создаваат лажна слика за тоа што се случува во Македонија, значи дека опозицијата е многу блиску до бојкот на изборите.
На прашањето дали би прифатиле евентуална иницијатива за лидерска средба што би дошла однадвор, од СДСМ претодно одговорија дека во овој момент за тоа воопшто не станува збор.
Одлуката на СДСМ да не учествува на избори е логична во котекст на ситуацијата која настана во собранието, вели професор Здравко Савески. Штом е прекршена демократијата, нормало е да се смета дека локалните избори ќе бидат нерегуларни, додава Савески. Но ставот на СДСМ за бојкот не изборите не смее да биде конечен, а за тоа голема улога може да одигра меѓународната заедница, вели тој.
„Ако биде обезбедено засилен меѓународен мониторинг на изборите и ако двете страни и владата и опозицијата го прифатат тој силен меѓународен мониторинг и нивните оценки за регуларноста, тогаш мислам дека и опозицијата ќе може да излезе на тие избори.“
Треба што поскоро да седнат власта и опозицијата на маса и да разговараат, но за тоа е неопходен надворешен фактор, вели аналитичарот Насер Зибери.
„Кој ќе ги притисне двете страни, кој на еден начин ќе ги принуди да седнат на маса и да прифатат некои правила на игра. Но сето тоа нема да придонесе до продолжување на функционирањето на Собранието и единствено излез гледам во создавање на техничка влада која би ги подготвила реформите во областа на изборното законодавство и организирање на предвремени избори.“
За излез од ситуацијата во која се наоѓа земјата потребна е само добра волја на „зајадените“ партии, на шега вели Љупчо Бубо Каров од К-15 во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
„Еве ако успеат да се тргнат на страна и да се договорат да направат конкурс или тендер по модерно за управител на Република Македонија.“
Без разлика како таа би се нарекла -техничка, експертска, концентрациона во која СДСМ воопшто не е заинтересирана да учествува, чиј единствен мандат би бил организирање фер, слободни и демократски избори.Емилијан Станковиќ, СДСМ.
„Освен базичните предуслови за прочистен избирачки список и изборна регулатива со вклучени препораки на ОБСЕ/ОДИХР сега логично се поставува прашањето кој ќе ги организира изборите. Ако овој режим покажа дека можат да тепаат за буџет, да тепа буквално за пари, тогаш зошто би се воздржала да користи сили и на избори“, прашува Емилијан Станковиќ од СДСМ.
Според него, продлабочувањето на политичката криза може да се избегне со формирање на друг вид на влада.
„Без разлика како таа би се нарекла - техничка, експертска, концентрациона во која СДСМ воопшто не е заинтересиран да учествува, чиј единствен мандат би бил организирање фер, слободни и демократски избори.“
Во моментот кога претседателот на Собранието ќе ги распише локалните избори, Владата како и сите останати институции кои имаат ингеренции за организирање и спроведување на изборите ќе ги преземе сите мерки и активности за да се реализира врвното демократско право на граѓаните да избираат. Тоа е наша законска обврска која произлегува од довербата која граѓаните ни ја дадоа на избори.Влада на Република Македонија.