Финансиите и подмладокот - проблем за битолските занаетчии

Занаетчиската комора од Битола бара намалување на давачките за занаетите кои изумираат. Од Комората велат дека уште потежок проблем од финансиите е отсуството на подмадок.
Занаетчиската комора од Битола не бара субвенции од државата, туку намалување на давачките за занаетите кои изумираат. Претседателот на комората Ѓорги Кочовски вели доколку не се олеснат условите за работа ќе изумрат последните занаети во битолската чаршија како свеќари, ѕвончари, лимари. На прсти се бројат и заварувачите, шапкарите, стакларите.
Ние имаме насочено образование, излегуваат кадри во двете училишта што ги имаме во Битола, тоа се Таќи Даскало и Ѓорги Наумов. Но тоа не е доволно, ова го велам со мои долги години работа во занаетчиството и работејќи во Германија, која се потпира се уште на занаетчиството. Таму диктира стопанството какви кадри му требаат, а кај нас тие се вадат од кабинети
Ѓорги Кочовски, претседател на Занаетчиската комора од Битола.

„При разговорите со градоначалникот на општина Битола ни беше кажано дека се уште ингеренциите не се дадени онолку за да можат да се спроведат условите кои ги имавме порано намалување на закупнини на даноци итн. Се уште тие бенефиции ги немаме. Министерот за економија неколку пати има кажано дека има средства, а кога ќе ги побараме ги нема“, вели Кочовски.

Уште потежок проблем од финансиите е отсуството на подмадок. Решенијата кои досега ги понудија Министерството за образование и наука и Центарот за стручно образование не вродија со плод, вели Кочовски.

„Ние имаме насочено образование, излегуваат кадри во двете училишта што ги имаме во Битола, тоа се Таќи Даскало и Ѓорги Наумов. Но тоа не е доволно, ова го велам со мои долги години работа во занаетчиството и работејќи во Германија, која се потпира се уште на занаетчиството. Таму диктира стопанството какви кадри му требаат, а кај нас тие се вадат од кабинети“, критикува Кочовски.

Иако денес во битолската комората се регистрирани 400 знаетчии, поголемиот дел од нив изведуваат услужни дејности или продаваат набавена роба.

За спас на старите занаети од Владата најавија дека од почетокот на оваа година занаетчиите ќе бидат ослободени од плаќање комунална такса. Државниот завод за статистика на својата веб страна секој прв квартал во годината ќе објавува листа на занаети во исчезнување и ќе бидат ослободени од комунална такса.
.