Од ветеринарната станица советуваат до сите граѓани, доколку забележат дивечј што се спушта во населено место, веднаш да се јават или во оваа служба или во ловечкото друштво „Мукос“, со цел да се избегнат несакани последици.
Лисици со сомнително однесување се забележани во приградски населби во близина на Прилеп. Како што велат граѓаните, а своите забелешки ги пријавуваат и во ловечкото друштво „Мукос“, овие диви животни не само во ноќта, туку и преку ден се чести посетители. Кружат околу добитокот, а има случај кога дивечот влегувал и во викенд куќата на фармерот Игор Митрески. Тој ја бркал во неколку наврати, но лисицата повторно се враќала и како домашно милениче, како што вели, се шетала низ куќарката, во дворот, во бавчата, а потоа и кај добитокот.
„Од ловечкото друштво ми дозволија да се отепа лисицата, оти може да биде многу опасно, дека лисицава пренесувала голема зараза сега моментално и затоа пријавивме нефатена со рака, да се земе лисицата од тука во некоја најлонска кеса, и да се испита дали е вистина така“, изјави Игор Митрески, сопственик на краварската фарма во близина на Прилеп, каде е отстрелан овој дивеч.
Тој е вчудовиден од ваквото однесување на ѕверот, вели дека досега не бил сведок на вакво нешто. Ловците од друштвото „Мукос“ веднаш интервенираа на терен. Со зголемена претпазливост лисицата е спакувана и веднаш пренесена во прилепската ветеринарна станица, за натамошен третман. Од ветеринарната инспекција објаснуваат дека во вакви случаи се следи ситуацијата на теренот, каде што се движела лисицата со сомнителни симптоми.
„Одгледувалиштето ќе биде ставено под надзор, значи ќе бидат преземени сите мерки за испитување на отстреланата лисица, а за животните кои се на одгледувалиштето ќе се преземат дополнителни мерки. Истата лисица под итно ќе биде доставена до Факултетот за ветеринарна медицина“, вели Горан Темелкоски од ветеринарната инспекција во Прилеп, посочувајќи на обврските согласно со законските регулативи за интервенирање во вакви случаи.
Од ветеринарната станица советуваат до сите граѓани, доколку забележат дивеч кој што преку денот, се спушта во населено место, веднаш треба да се јават или во оваа служба или во ловечкото друштво „Мукос“, со цел да се избегнат несакани последици.
„Заразната болест беснило се пренесува од животно на животно. Основниот принцип на пренесување е кога дојде до директен контакт на плунката со крвта на незаразено животно или човек. Значи како препорака, станува збор за опасна заразна болест, која и од домашните животни и од дивите животни се пренесува меѓусебе на животните со каснување или пак од дивите или домашните животни се пренесува на луѓето“, објаснува Благојче Христоски, директор на Ветеринарната станица во Прилеп.
надлежните од ловечкото друштво потенцираат дека со ставање мамки на утврдени локации се спроведува акцијата за имунизација на дивечот против беснило. Ова е втора година како се спроведува оваа акција, која не сега, но во иднина се очекува да даде резултати, во борбата со оваа заразна болест која е опасна и за човекот.
Од ловечкото друштво ми дозволија да се отепа лисицата, оти може да биде многу опасно, дека лисицава пренесувала голема зараза сега моментално и затоа пријавивме нефатена со рака, да се земе лисицата од тука во некоја најлонска кеса, и да се испита дали е вистина така.Игор Митрески, сопственик на краварска фарма во близина на Прилеп.
„Од ловечкото друштво ми дозволија да се отепа лисицата, оти може да биде многу опасно, дека лисицава пренесувала голема зараза сега моментално и затоа пријавивме нефатена со рака, да се земе лисицата од тука во некоја најлонска кеса, и да се испита дали е вистина така“, изјави Игор Митрески, сопственик на краварската фарма во близина на Прилеп, каде е отстрелан овој дивеч.
Одгледувалиштето ќе биде ставено под надзор, значи ќе бидат преземени сите мерки за испитување на отстреланата лисица, а за животните кои се на одгледувалиштето ќе се преземат дополнителни мерки. Истата лисица под итно ќе биде доставена до Факултетот за ветеринарна медицина.Горан Темелкоски, Ветеринарна инспекција во Прилеп.