Почнува зимскиот распуст за учениците

Илустрација.

За основците и средношколците денеска е последен училиштен ден во првото полугодие. По тринеделен зимски распуст тие ќе се вратат на настава на 21 јануари, понеделник. На крајот на оваа 2012/2013 учебна година се очекува спроведување на екстерното тестирање на учениците, кое се одложуваше неколку години.