„Купи куќа, купи стан“ продолжува до крајот на мај

Министерот за финансии Зоран Ставрески го промовира проектот „Купи куќа, купи стан“ на 26 јануари 2012 година.

Министерството за финансии го продолжи рокот за субвенција за станбен кредит преку проектот „Купи куќа, купи стан“ до 31 мај 2013 година. Изминатата година Владата преку проектот „Купи куќа, купи стан“ субвенционираше станбени кредит во висина од 3,5 милиони евра, се наведува во соопштението на Минситерството за финансии. По претходното продолжување, рокот за аплицирање беше до 31 декември. Проектот „Купи куќа, купи стан“ почна на почетокот на годинава, а првично беше предвидено да трае до почетокот на март, но поради малиот број барања, рокот постојано се продолжува.