Најмалку 17 лица се убиени во судирите меѓу јеменската армија и групите за кои се верува дека стојат зад саботажите на нафтоводот во источниот дел на земјата. Судирите во провинцијата Маариб се случиле вчера, откако армијата почнала операција за заштита на оштетениот нафтовод. Според информациите, меѓу загинатите има и војници.
Инаку, во Јемен има немири од започнувањето на антивладините протести во февруари 2011 година против поранешниот претседател Али Абдула Салех. Нафтоводите и гасоводите во земјата повеќе пати се напаѓани од милитанти поврзани со Ал Каеда и од племиња, кои бараат концесии од централната власт. Според официјални претставници, загубите во производството предизвикани од овие напади се проценуваат на околу милијарда долари за оваа година, додека извозот на нафта опаднал за 4,5 проценти.