Постигнат е договор штрајкот на лекарите да се стави во мирување, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров по средбата со претставници на синдикатите за здравство. Претседателот на Самостојниот синдикат на клинички центри и другите здравствени организации Дејан Ставриќ потврди дека штрајкот се става во мирување и оти е постигнат договор за поголем дел од барањата, вклучувајќи и решение за исплата на декемвриската плата, како и да се стопира емитувањето на спотовите за лекарите во медиумите. На средбата, станало збор и за зголемување на платата на лекарите, но сега не се открива за колку проценти. Сите детали за тоа ќе бидат соопштени до крајот на неделата кога се очекува да биде потпишан анекс на колективниот договор.