Пратениците на опозицискиот СДСМ најавија дека од денеска попладне нема да излезат од зградата на Собранието и ќе дежураат колку што треба за да го спречат, како што велат, партиско-полицискиот пуч што го спрема власта. Пратеникот Игор Ивановски од СДСМ изјави дека ваквото сценарио, кое, според него, е спротивно на Уставот, на Законот за Собрание и на Деловникот, власта почнала да го спроведува вчера.
„Власта треба да го донесе буџетот на шверцерски, шпиунски и незаконски начин, денеска во недела, и утре, лицето Трајко Вељаноски, извршителот на ова сценарио на сила да го вметне буџетот на утрешната седница. Ова што се случува, овој партиско-полициски пуч, веќе не станува збор само за Устав, само за закон, само за деловник или само за буџет. Овде станува збор за бранење на оваа држава како самостојна, суверена и парламентарна демократија. Власта сака да ја погази државата. Ако тие ова го спроведат, утре може да се смени Устав, може да се донесе кој било закон, може да се прогласи што било во оваа држава, надвор од Уставот, само затоа што некому му текнало. Ова не смее и нема да помине“, рече Ивановски, кој е координатор на пратеничката група на СДСМ.
Тој го повика претседателот на Собранието Трајко Вељаноски да се повлече од спроведувањето на тоа сценарио.
„Ние сме спремни, имаме мандат, имаме обврска и ќе одиме до крај. Ако граѓаните, цела држава, плаќаат огромна цена и жртва од овој режим на Никола Груевски ние сме подготвени да ја преземеме одговорноста за највисоката цена и жртва. И од тие причини, додека не се повлечат од ова сценарио, ние не се повлекуваме од ова Собрание“, рече Ивановски.
Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ на чело со Груевски цело време глуми лажна конструктивност и дека СДСМ сака да се донесе вистински народен буџет и за стопанството и за граѓаните.