Собранискиот циркус ја разјадува демократијата

Прашање е дали во законодавниот дом народните избраници дебатираат или се инаетат на штета на народот кои ги донесе на функција и ги плаќа преку даноци.
Од расправата во Законодавно – правната комисија на која се влечеа микрофони до неуспешната координација за деблокирање на Буџетот за 2013 година. Случувањата го покреваат прашањето дали во законодавниот дом народните избраници дебатираат или се инаетат на штета на народот кои ги донесе на функција и ги плаќа преку даноци.
Таквиот начин на размислување дефинитивно оди на штета на слабеење на подршката на демократијата и во таа смисла сите се губитници и кај граѓаните и кај политичките партии.
Здравко Савески, универзитетски професор.

Македонската демократија малку по малку се разјадува но тоа не остава впечаток дека има драстични постапки против демократијата, вели политикологот Здравко Савески.

Координативна средба кај претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељаноски за динамиката и деблокирањето на донесувањето на буџетот за 2013 година.


„Но она што се случува во Собранието и оние порадикалните работи и оние што се процедурални, зборува дека почнува да се користи демократијата и она што е пишано во правните акти во насока на толкување кое најмногу им одговара на субјектите, а не во однос на она толкување кое е интенција на законодавецот.“

Сето тоа предизвикува штета, смета Савески

„Таквиот начин на размислување дефинитивно оди на штета на слабеење на подршката на демократијата и во таа смисла сите се губитници и кај граѓаните и кај политичките партии. “

Потребно е народот да реагира, смета Савески

„За развивање на свеста кај политичарите и притисок од јавноста во смисла на категоричен став дека такво однесување е неприфатиливо.“

Ситуацијата е комплексна, смета политикологот Мерсел Биљали.

„Имаме водство кое е поврзано со криминал, второ имаме изнемоштена опозиција и трето е прашањето со името, така што ова што се случува е само резултат на овие три компоненти.“

Последната координација кај претседателот на собранието Трајко Вељаноски за деблокирање на донесувањето на Буџетот за 2013 година заврши без договор. Отворено остануваат и прашањето за Законот за бранителите.