Како реакција на, како што велат, кршењето на процедурите, пратениците од опозицијата почнаа да ги исклучуваат и спуштаат микрофоните, а во еден момент Јани Макрадули ја „онеспособи“ собраниската камера, одвртувајќи ги „контактите“, јави телевизија Телма.
Тензична атмосфера, обвинувања, препукувања и скршен нокт на претседателката на Законодавно-правната комисија во Собранието Благородна Дулиќ е епилогот од претпладневната расправа за предлог-буџетот за 2013 година.
Пратениците од СДСМ побараа да не се одржуваат во исто време седници на Комисијата за финансирање и буџет и на Законодавно-правната комисија на кои се расправа за предлог-буџетот. Опозицијата тврди е спротивно на деловникот Законодавно-правната комисија да расправа за амандмани, за кои сè уште не расправала матичната Комисија за финансирање и буџет.
Повеќето пратеници се префрлија во Законодавно-правната, каде дојде до големи тензии. Работата излезе од контрола откако пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Благородна Дулиќ, која претседава со Комисијата, не и дозволи на пратеничката Цветанка Иванова од СДСМ процедурално да реагира на водењето на седницата. Пратениците од опозицијата застанаа пред претседателката Благородна Дулиќ и ѝ го земаа микрофонот. Пратеничката Дулиќ обвини дека Иванова ја удрила по рака и ѝ го скршила ноктот.
Како реакција на, како што велат, кршењето на процедурите, пратениците од опозицијата почнаа да ги исклучуваат и спуштаат микрофоните, а во еден момент Јани Макрадули ја „онеспособи“ собраниската камера, одвртувајќи ги „контактите“, јави телевизија Телма.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за утре закажа Координативна средба на која ќе биде разгледана динамиката и деблокирањето на донесувањето на буџетот за 2013 година. Во најавата на координацијата, спикерот изразува загриженост „поради насилничкото однесување на одредени пратеници во текот на денешниот ден и блокирањето на работењето на комисиите, надлежни за донесувањето на буџетот“.
На средбата, како што информира собраниската прес-служба, покрај потпреседателите на Собранието и координаторите на пратеничките групи, Вељаноски ги повика и претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Марјанчо Николов од СДСМ, претседателката на Законодавно-правната комисија Благородна Дулиќ од ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека целта на опозицијата е да го блокира донесувањето на буџетот. СДСМ, пак, предложи кратење на трошоците од буџетот за 204,8 милиони евра како услов за повлекување на амандманите.
„Доколку ваков разумен, домаќински предлог на СДСМ не биде прифатен од Владата, тогаш Владата е таа која што од тој момент натаму ја сноси целокупната одговорност за последиците од таквата нејзина одлука“, рече денеска потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски.
ВМРО-ДПМНЕ, пак, изрази згрозеност и фрапираност „од недоличното, насилничко однесување“ на пратениците од СДСМ во Собранието.
„Ова сценарио треба да создаде проблеми и хаос во државата, за да подоцна СДСМ и Бранко Црвенковски се понудат како спасители или како решение на проблемите. Сценарио што неколку пати досега во овие 20 години сите заедно сме го гледале“, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
На дневен ред во комисиската расправа се 1.225 амандмани поднесени од СДСМ, НДП и ДПА.
Во меѓувреме, земјоделци, социјалци и пензионери протестираа пред седиштата на СДСМ во неколку градови, „револтирани поради острукциите на опозицијата за донесувањето на буџетот“. Опозицијата обвини дека тоа се партиски војници на ВМРО-ДПМНЕ испратени да протестираат пред СДСМ.
Доколку ваков разумен, домаќински предлог на СДСМ не биде прифатен од Владата, тогаш Владата е таа која што од тој момент натаму ја сноси целокупната одговорност за последиците од таквата нејзина одлукa.Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ.
Пратениците од СДСМ побараа да не се одржуваат во исто време седници на Комисијата за финансирање и буџет и на Законодавно-правната комисија на кои се расправа за предлог-буџетот. Опозицијата тврди е спротивно на деловникот Законодавно-правната комисија да расправа за амандмани, за кои сè уште не расправала матичната Комисија за финансирање и буџет.
Ова сценарио треба да создаде проблеми и хаос во државата, за да подоцна СДСМ и Бранко Црвенковски се понудат како спасители или како решение на проблемите. Сценарио што неколку пати досега во овие 20 години сите заедно сме го гледале.Илија Димовски, ВМРО-ДПМНЕ.