Светот во 2012-та низ фотографии
Три девојки скокаат во Охриското Езеро во Охрид, на 12 јули, 2012. Македонија беше погодена од топлотен бран кога температурите достигнаа до 40 степени, што ги принуди луѓето да бараат освежување покрај реките или езерата.
Белград - Новоизградениот мост преку реката Сава
Кабул - Џиновски примерок од Коранот
Руски војник пред споменикот на незнајниот јунак пред Кремљ
Погребот на иранскиот нуклеарен научник Мустафа Рошан во Техеран.Беше убиен со подметната бомба во неговиот автомобил.
Заринканиот брод Коста Конкордија.
Алма Ата - Протест на казахстанската опозиција.
Водици во Киев.
Еден од настапите на 'Pussy Riot' на необични места. Москва, Црвен Плоштад.
Подржувачите на Муслимаското братство го прославуваат освојувањето на власта во Египет.
Хомс - Сирија, еден од градовите каде што имаше најжестоки судири меѓу бунтовниците и владините сили.
Уапсен илегален имигрант од Узбекистан во Москва. Русија ги заостри мерките против имигрантите.
Небото над Тромсо, северна Норвешка.
Потрага по дрва во селата на Косово на минус 18 степени.
Шиитите во Садр Сити, Ирак, го слават заминувањето на американските сили.
Семафор во Москва со ликот на Владимир Путин, дело на анти-Путин активисти.
Украинските ветерани од советската војна во Авганистан му го свртеа грбот на претседатателот на Украина Виктор Јанукович на полагањето цвекиња во Киев.
Ашгабат - Туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов инаугуриран по втор пат, откако освои 97 насто од гласовите.
Анти-американски протести во Џалалбад - Авганистан.
Техеран - Болна жена чека да гласа на парламентарните избори во Иран
Владимир Путин победи на претседателските избори во Русија, за кои опозицијата тврди дека биле наместени.
Кабул - Авганистанците ја слават Нова Година или Норуз во март
И во Бишкек, Киргистан, на традиционален начин се прославува Норуз.
Ербил - северен Ирак - Ирачките курди го слават Норуз.
Православни свештеници во руските воздухопловни сили на тренинг.
Самит за нуклеарна безбедност во Сеул.
Мјанмар - Опозиционата лидерка Аунг Су Ки на парламентарните избори во таа земја.
Сончање во зима во Санкт Петерсбург
Недела на модата во Бишкек, Киргистан.
Сараево - Одбележување на 20 годишнината од војната во БиХ.
Од судскиот процес против екстремистот Брејвик во Осло. Уби 77 лица, главно млади.
Транспорт на Спејс Шатлот Дискавери над Вашингтон.
Екс украинската премиерка Јулија Тимошенко на издржување казна затвор. Се жали на нехуман третман.
Аботабад - Фотографирање со мобилен на местото каде што беше убиен Осама Бин Ладен.
Авганистански војник на местото на самоубиствен бомбашки напад во Кабул.
Атина - Предизборен митинг на Нова Демократија.
Франција - Новоизбраниот претседател Франсоа Оланд.
Москва - Претседателот Владимир Путин и премиерот Дмитри Медведев со сопругите на инаугурацијата на Путин за претседател.
Погреб на еден од талибанските лидери кој учествуваше во преговорите за мир. Беше убиен во Кабул.
Камиони цистерни за транспорт на гориво за НАТО силите во Авганистан, паркирани во Карачи - Авганистан. Пакистан го блокираше доставувањето по инцидентот кога по грешка беа убиени 24-ца пакистански војници при американски воздушен напад.
Млади Туркменистанци учествуваат на церемонијата на откривање на 47.6 - метарското тркало Ферис во затворен простор, наречен Алем (Универзум) во туркемнистанскиот главен град Ашхабат, на 18 мај 2012, Туркменистан, авторитарна поранешна советска држава во намера да постави рекорд во Гинисовата книга, го откри најголемото тркало Ферис на планетата во затворен простор.
Неидентификувани лица го нападнаа Свјатослав Шеремет, водачот на Геј Форумот на украинската организација, во Киев, на 20 мај, 2012. Шеремет беше нападнат по средбата со претставниците на медиумите на која ги информираше дека закажаната геј парада е откажана. Напаѓачите избегаа кога сфатија дека претставниците на медиумите го документираа нападот.
Курд шета меѓу ковчези обвиткани со курдски знамиња за време на погребната церемонија во Сулејманија, 260 км североисточно од Багдад, на 28 мај 2012. Повеќе од 700 Курди, убиени од страна на поранешниот ирачки лидер, Садам Хусеин, беа погребани со посебни почести во североисточен Ирак. Курдски официјални претставници се собраа во Полициската академија во провинцијата Сулејманија за да ги оплакуваат 730-те жртви во озлогласената акција „Анфал“, чии што тела беа откриени во масовна гробница во североисточен Ирак во јули 2011. Групите за човекови права проценија дека се убиени над 180 000 луѓе во воената операција на трупите на Садам Хусеин против ирачкото малцинство,
Луѓе се движат низ џиновскиот модел на Танго 12, официјалната топка на фудбалските натпревари Еуро 2012, во холот на Централната Железничка Станица во Киев, на 29 мај, 2012.
Новиот српски претседател Томислав Николиќ се прегрнува со поранешниот претседател Борис Тадиќ откако ја положи заклетвата во Народното Собрание во Белград, на 31 мај,2012. Николиќ изјави дека сака Србија да влезе во ЕУ и НАТО но никогаш нема да се откаже од Косово.
Авганистан-Кабул Меѓународен ден на децата 2012: Секојдневниот живот на дете од Авганистан, во Кабул.
Гест на косовски Србин кон војниците на германско оклопно возило на КФОР кое го чува влезот на мостот кон селото Рударе, во близина на Северно=косовскиот град Звечане, на 1 јуни, 2012. Еден војник на НАТО и тројца косовски Срби беа повредени во судирите кои избија откако силите на НАТО се разместија со цел демонтирање на српските барикади во северно Косово.
Приврзаниците на соборениот претседател Хосни Мубарак реагираат откако судот го осуди на доживотен затвор, пред Полициската академија каде што е лоциран судот во Каиро, на 2 јуни, 2012.
Британскиот пронц Чарлс и ја бакнува раката на неговата мајка, Кралицата Елизабета во текот на концертот за Дијамантскиот Јубилеј пред Бакингемската палата во Лондон, на 4 јуни, 2012. Поп ѕвездите Пол Макартни, Стиви Вондер и Елтон Џон ја забавуваа кралицата на третиот ден од нејзината прослава за Дијамантскиот јубилеј, заедно со 10 000 публика која го следеше настанот во живо.
Обвинетите за учество во судирите од 2011 година во нафтениот град Жанаозен, реагираат зад стаклената кабина додека припадници на Министерството за внатрешни работи ја чуваат публиката во текот на судското рочиште во каспискиот пристанишен град Актау, на 4 јуни , 2012. Роднините на 37-те демонстранти обвинети за немирите во Жанаозен сместени во имровизираната судница ја чекаат пресудата од најголемото рочиште поврзано со крвавите декемвриски судири.
Демонстранти од опозицијата се судираат со полицијата , на 5 јуни, 2012 во текот на митингот пред украинскиот Парламент во Киев против проширувањето на официјалната употреба на рускиот јазик во Украина.
Венера поминува пред Сонцето. Овој редок астрономски настан нема да се повтори во наредните 105 години.
Танчери настапуваат пред гигантското лого на Еуро 2012 во текот на церемонијата на отварањето која се одржува во рамките на натпреварот меѓу Полска и Грција , на 8 јуни, 2012 на Националниот стадион во Варшава.
Жени поддржувачи на кандидатот на Муслиманското братство, Мухамед Морси, спроведуваат медиумска кампања носејќи го неговиот портрет во текот на прославата на плоштадот Тахрир во Каиро, на 18 јуни, 2012 откако исламистите прогласија победа на египетските први претседателски избори по востанието.
Млади жени престојуваат на јавната женска плажа во центарот на Махачкала. На 8 јуни, 2012. Мали девојчиња ѕиркаат од куќите со лимени покриви додека момчињата си играат „полицајци и бунтовници“ низ валканите улици. На крајот од селото Џимри се гради новата зграда од црвена цигла за новата медреса, едно од многуте верски училишта кои што изникнаа во Дагестан, регион во високите планини на Кавказ кој доживува исламски препород.
Молња која светнува во текот на бурата над Меморијалниот центар во Поточари, ноќта пред масовниот погреб во близина на Сребреница, на 10 јули, 2012 година. Телата на 520 неодамна идентификувани жртви во масакрот во Сребреница, погребани се на 11 јули , на годишнината од масакрот кога силите на босанските Срби, командувани од Ратко Младиќ убија 8000 муслимански мажи и момчиња закопувајќи ги во масовна гробница, во најголемиот европски масакр по Втората светска војна.
Членовите на „Ролинг стонси“, Мик Џегер, Рони Вуд и Чарли Вотс позираат пред Марки Клубот во Лондон пред фотоапаратот на Ројтерс, на 11 јули, 2012. Фотографијата ја направи фотографот Ранкин во знак на одбележување на 50- годишниот јубилеј од првиот настап на Ролинг Стонси, на 12 јули, 1962 на лондонската Оксворд Стрит. Изложбата на фотографии на „50 години Ролинг Стонси“ беше отворена од 13 јули до 27 август.
Кинескиот уметник и дисидент Аи Веивеи го чека својот адвокат за да се врати од судско сослушување во Пекинг, на 20 јули, 2012. Аи Веивеи беше суден за затајување мултимилионски данок на компанијата која ја основаше.
Жени од Авганистан маршираат со транспаренти во знак на протест против јавната егзекуција на млада жена за наводна прељуба , во Кабул, на 11 јули, 2012. Десетици активистки за човекови права од Авганистан излегоа на улиците.
Транспорт на вселенското летало Сојуз до лансирната станица, космодромот Бајконур, Казахстан, на 12 јули, 2012.
Луѓе кои се држат за раце молејќи се, за време на комеморацијата пред општинскиот центар во Аурора, Колорадо, на 22 јули, 2012. Комеморацијата се одржуваше во чест на жртвите кои беа убиени и повредени во масовниот напад во кино. 24- годишниот Џејмс Еган Холмс беше обвинет за убиството на 12 лица во текот на прикажувањето на филмот „Бетмен“.
Поддржувачи на женскиот панк бенд „Пуси Рајот“ стојат со врзана уста протестирајќи пред Катедралата во Санкт Петерсбург, на 13 јули, 2012. Судот го одби барањето да се повикаат претседателот Владимир Путин и поглаварот на Руската Православна Црква да сведочат во процесот против трите панк рокерки кои му се потсмеваа на Путин на протестот во најголемата катедрала во земјата, рече нивниот адвокат.
Сириски бунтовник носи рачно изработена експлозивна направа додека другите стојат зад него чекајќи го да помине во текот на судирите со владините трупи во областа Салхин во северниот град Алепо, на 31 јули, 2012. Сириски бунтовници напаѓаа клучни воени позиции и зазедоа две полициски станици во Алепо, убивајќи 40 офицери.
Рускиот претседател Владимир Путин со британскиот премиер Даејвид Камерон присуствува на џудо натпревар на 2 август во текот на Олимписките игри 2012 во Лондон.
Минисетрката за надворешни работи на Јужна Африка, Маите Нкоана Машабате игра на африканска музика со американската државна секретарка, Хилари Клинтон во текот на гала вечерата во претседателската гостинска палата во Преториа, на 7 август, 2012.
Поранешниот украински министер за внатрешни работи Јури Лутшенко влегува во полициско комбе по судското сослушување на 17 август, 2012 во Киев. Тој беше блисок соработник на опизициската лидерка, Јулија Тимошенко.
Фотографија направена на 22 август, 2012 , поглед одозгора на шумскиот пожар во селото Дубово, во близина на јужносрпскиот град Житораѓа. Големата суша што го погоди Балканот му нансе сериозна штета на земјоделството, предизвикувајќи големи загуби од повеќе од милијарда евра во еден од најсиромашните региони во Европа. Температурата овде се искачија над 40 степени, без дождови во повеќето од областите. Беа регистрирани повеќе од 250 пожари низ земјата, особено во југоисточниот регион каде што се наоѓа планината Златибор која е позната туристичка дестинација.
Жени од Сирија се движат покрај покриените тела на борци на Слободната Сириска Армија пред болницата во Алепо, вториот по големина град во Сирија, на 28 август, 2012.
Борци на Слободната Сириска Армија трчаат за да се заштитат откако сириските владини сили отворија оган во близина на северозападниот сириски град Алепо, на 30 август, 2012.
Натпреварувачи кои се гледаат низ олимпискиот оган како се загреваат за натпревар во квалификациите за жени на 5000м во текот на Параолимписките игри во Лондон, на 31 август.
Чеченија-почетокот на училишната година, 01 септември, 2012, Дишни, Ведено.
Пакистански претставници и се спротивставуваат на полициската бариера која сакаше да го спречи нивниот обид да се приближат до Американската амбасада во текот на протестот против антиисламистичкиот филм, во Исламабад, на 19 септември, 2012. Над 500 пакистански претставници без забележани како влегуваат во дипломатската енклава која е под силно обезбедување во последниот бран на протести кои избија низ цел Пакистан против антиисламскиот филм. Повеќе од 30 лица загинаа во инцидентите кои ги предзвика филмот „Невиноста на Муслиманите“ филм во американско производство кој го отсликува пророкот Мухамед како женкар.
Војници со маскирани ликови во текот на воената вежба на полигонот Маршал Баграмиан, во близина на ерменско-турската граница, на 19 септември, 2012. Околу 2000 војници од Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Русија и Таџикистан изведуваа петддневна вежба, од 15 септември, под знамето на Организацијата за колективна безбедност. .
Жени од Иран демонстрираат против публикацијата на францускиот неделник кој објави карикатура на разголениот Пророк Мухамед, на 20 септември, 2012, пред француската амбасада во Техеран.
Кина- На оваа фотографија направена на 20 септември, 2009, кинеската пејачка Пенг Лијуан, сопруга на кинескиот претседател, Кси Џингпинг настапува на премиерната изведба на музичко танцовиот еп „Пат до препородот“ во Големата народна сала во Пекинг. Наредната прва кинеска дама, Пенг Лијуан е блескав пејач чија кариера е долго во сенка на нејзиниот сопруг, Кси Џинпинг.
Русија- Полицаец набљудува кандидатка додека прави склекови во текот на изборот на кандидати за професионален договор во руската армија, во регрутниот центар во јужнорускиот град Ставропол, на 25 септември, 2012.
Германија- Кинески жени се бакнуваат пред сликата на берлинскиот ѕид на која се прикажани Ерих Хонекер и Леонид Брежњев во Берлин. Се одбележуваше 22 годишнината од германското обединување, по неколку децении разделеност на Демократска Република Германија, на исток и Федерална Република Германија на запад.
Грција - Гол демонстрант претрчува пред Парламентот на плоштадот Синтагма во Атина во текот на насилните протести против посетата на германската канцеларка Ангела Меркел, на 9 октомври, 2012. Грчката полиција фрлаше солзавец и парализирачки гранати врз демонстрантите во центарот на Атина кога тие се обидоа да ги пробијат бариерите и да стигнат до Меркел. Десетици илјади демонстранти се собраа за да го покажат незадоволството од германската канцеларка која бараше болни кратења на трошоците во Грција во замена за добивање финансиска помош од ЕУ и ММФ во вредност од 200 милијарди евра.
Претседателот на Грузаија, Михаил Саакашвили пристапува да се поздрави со кандидатот за премиер и лидер на коалицијата Грузиски сон, Биѕина Иванишвили во текот на средбата во Претседателската Палата во Тбилиси, на 9 октомври, 2012.
Австриецот Баумгартнер стана првиот човек што ја проби звучната бариера во неговиот рекорден најбрз слободен пад од работ на вселената. 43-годишниот маж скокна од капсула оддалечена 39 километри од Земјата, постигнувајќи брзина од 706 милји на час (1,135км/ч) пред да го отвори неговиот црвено-бел падобран и слетувајќи во пустина во Ново Мексико.
Австриецот Баумгартнер стана првиот човек што ја проби звучната бариера во неговиот рекорден најбрз слободен пад од работ на вселената. 43-годишниот маж скокна од капсула оддалечена 39 километри од Земјата, постигнувајќи брзина од 706 милји на час (1,135км/ч) пред да го отвори неговиот црвено-бел падобран и слетувајќи во пустина во Ново Мексико.
Оваа фотографија направена на 14 октомври, 2012 го покажува собирањето на толпата околу симнувањето на последната бронзена статуа на Владимир Илич Ленин во Улан Батор, главниот град на Монголија, откао градоначалникот Бат Ул Ердене го нарече комунистичкиот лидер „убиец“. Со децении Владимир Илич Ленин беше со почит нарекуван Учителот Ленин од страна на монголските ученици.
Поранешни талибански борци го изложуваат своето оружје откако им се придружуваат на авганистанските владини сили во текот на церемонијата во Херат, на 22 октомври, 2012. Странските трупи се обрзани да се повлечат до крајот на 2014 година но постојат стравувања дека талибанците ќе ги прошират своите активности на поширок дел од земјата против лошо подготвените авганистански сили.
Муслимански верници чекаат да започне молитвата во Големата џамија во саудискиот свет град Мека, на 22 октомври,2012. Муслиманските верници во огормен број пристигнуваат во Мека на аџилак, најголемиот годишен собир кој Саудиска Арабија со сите сили се труди да не биде оневозможен поради нестабилноста во регионот.
Јужнокорејскиот пејач Пси ги вежба чекорите од танцот „Гангнам стил“ со Генералниот секретар на ООН Бан ки Мун во текот на фотографирањето во седиштето на ООН во Њујорк, на 23 октомври,2012.
Пакистан-Човек ги води неодамна купените камили со автомобил и мотор пред прославата на Курбан Бајрам, на 26 октомври 2012. Муслиманите ширум светот го прославуваат Курбан Бајрам со колење овци, кози, крави, камили..
Украина- постара жена го контролира гласањето, на 28 октомври, 2012 во селото Русаки, на 110 километри од Киев, во текот на парламентарните избори. Украина гласаше на 28 октомври на изборите кои се сметаа за тест за демократијата во време на претседателот Виктор Јанукович, по затворањето на неговиот политички опонент, Јулија Тимошенко.
Статуа која се гледа низ уништените домови од пожар кој настана како последица на ураганот Сенди во Бризи Поунт кој е дел од околијата Квинс во Њујорк, на 30 октомври,2012. Милиони луѓе низ источиот дел од САД го напуштија регионот уништен од монструозната бура Сенди, која со голема сила го погоди најнаселениот регион, го поплави метрото во Њујорк а поплави и улици во финансискиот кварт Менхетн.
Суданец се качува на Иранскиот карго брод прикотвен во Црвеното море во суданскиот град Порт Судан , на 31 октомври,2012. Посетата на двата ирански бродови на Судан ги покажува силните врски меѓу двете земји, соопштија од суданската војска.
САД-Американскиот претседател Барак Обама се прегрнува со своите ќерки Малиа и Саша додека неговата сопруга Мишел Обама го гледа митингот во Чикаго во текот на изборната ноќ, на 7 ноември,2012.
Пакистанската ученичка, Малала Јусуфи чита картичка откако е згрижена во Болницата - Кралица Елизабета во Бирмингем, 8 ноември,2012. Малала која беше застрелана во раката од страна на талибанците поради заложувањето за образование на девојчињата, беше испратена од Пакистан во Британија на специјалистички третман по нападот на 9 октомври.
Италија-Една жена стои на работ од поплавената улица во сезоната на високите води во Венеција, на 11 ноември, 2012. Нивото на водата во градксиот канал се искачи до 149 см над нормалата според институтот за мониторинг.
Турски војници чуваат стража откако сириски авиони го бомбардираа стратешкиот пограничен град Рас ал Аин убивајќи и повредувајќи повеќе луѓе , на 12 ноември,2012 во турскиот пограничен град Сејланпинар.
Кина-Облека која виси надвор од автобусот кој е прилагоден во живеалиште за Лу Чангсан и неговата сопруга, во близина на новоизградените станбени згради во провинцијата Анхуи, на 12 ноември,2012. Лу, 39 и неговата сопруга Занг Дингмеи, 36 години живеат во автобус повеќе од три години и продаваат цемент и песок за да преживеат. Со намера постојано да ги надгледуваат нивните градежни материјали, тие решија да живеат во автобусот. Тие се преместија три пати во текот на минатите три години за да бидат поблиску до новоизградените станбени објекти каде што би можеле да имаат повеќе муштерии.
Хрватска-Маж, ја допира сликата на Анте Готовина и сликата на Младен Маркач додека се слави ослободителната пресуда на Готовина и Маркач на централниот плоштад во Загреб, на 16 ноември, 2012. Готовина, кој беше командант на сплитската област на хрватската армија, и Маркач, кој беше хрватски полициски командант, беа обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвотот во текот на војната по која се распадна Југославија. Двајцата генерали добија ослободителни пресуди.
Газа - По израелскиот воздушен напад врз Хамас на југоистокот од градот Газа. Појасот Газа, на 17 ноември, 2012. Израел стави 75 000 резервисти во сосотојба на готовност поради шпекулациите дека ќе следува копнена инвазија.
Индиски жени се движат по 100 метарската црвена лента како дел од кампањата за борба против сидата во пресрет на Светскиот ден на сидата на морскиот брег Чандрабхага во Канарк, на 30 ноември, 2012. Агенцијата UNAIDS соопшти дека 2,5 милиони индијци живета со ХИВ, многумина од нив изолирани од пошироката заедница.
ММФ го повикува Пакистан да го намали големиот буџетски дефицит за да ја зајакне борбата за раст на економијата.
Русија-Голем облак од пепел се издига од еруптираниот вулкан Плоски Толбачик на полуостровот Камчатка. 3, декември, 2012
Бразил-Човек се движи во близина на зградата на Националниот Конгрес, дизајнирана од бразилскиот архитект Оскар Најмаер, на министерскиот плоштад во Бразилија, на 6 декември, 2012. Најмаер беше основач на модерната архитектура кој го дефинира современиот изглед на модерен Бразил и чија инвентивност и специфичен дизајн остави свој печат низ многу светски градови, почина на 104 годишна возраст од белодробна инфекција.
Човек носи кукла во белорускиот главен град Минск, 10 декември, 2012.
Шведска – добитници на нобеловата награда и гости се сместуваат во Сината Сала каде што ќе присуствуваат на Прославата во Сити Хол во Стокхолм, на 10 декември, 2012.
Офицерки на авганистанската национална полиција го носат своето оружје во текот на вежбата во тренинг центарот во близина на кампот на германските сили Мармал во Мазар е Шариф, северен Авганистан, на 11 декември, 2012. Германската полиција ја води тренинг програмата како дел од тековната мисија ИСАФ.
Немили сцени во Собранието на РМ. Блокада, па исфрлена опозиција, па изгласан буџет.
Протести и контра-протести пред Парламентот, едни за подршка на Владата, други за соборување на Владата.
Новинарите исфрлени од собраниската сала. "Замолен" да си оди и претседателот на ЗНМ. Чуден начин на замолување од службите за безбедност.