Северна Кореа лансира сателит, овој пат успешно

Северна Кореа соопшти дека лансирала ракета со која успешно бил постеван сателит во орбитата на Земјата. Тоа било детектирано и од американските системи за следење. Ваквиот чекор веднаш беше осуден од меѓународната заедница.
Северноамериканската воздушна одбранбена команда соопшти дека првиот дел од ракетата паднал во Жолтото, а вториот во Филипинското Море. Ова лансирање следуваше по неуспешниот обид во април годинава.

„Втората верзија на сателитот Кванмионгсонг 3 успешно е ланисирана од Вселенскиот центар и сега е во орбитата.“


Соопшти презентерката на севернокорејската телевизија. Официјален Пјонгјанг соопшти дека во орбитата бил поставен метеоролошки сателит.

Критичарите велат дека севернокорејскиот режим го корсити ваквото ланисрање за развивање ракети со долг дострел кои можат да носат нуклеарно оружје.
Силно баравме од нив да не лансираат ракети. Фактот што тие сепак го сторија тоа е за остра осуда и Јапонија не може да го прифати.


Јужна Кореа веднаш свика седница на Националниот совет за безбденост. Јапонија пак соопшти дека ракетата минала крај Окинава, оценувајќи дека ваквиот потег не може да се толерира.

„Силно баравме од нив да не лансираат ракети. Фактот што тие сепак го сторија тоа е за остра осуда и Јапонија не може да го прифати.“

Изјави главниот секретар на јапонската влада Осаму Фуџимура.

Балата куќа го осуди ланисрањето како многу провокативен акт кој претставува закана за регионалната безбедност со што директно се кршат резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации во врска со нуклеарната програма на Пјонгјанг.

Со иста оценка е и генералниот секретар Бан Ки Мун кој побара од Северна Кореа да не спроведува лансирања употребувајќи тахнологија за балистички ракети.


Руското министертво за надворешни работи изрази длабоко жалење. Кина, најголемиот трговски партнер на Северна Кореа го критикуваше ваквиот потег и побара од неа да ги почитува резолуциите на Обединетите нации.

До ланисрањето на ракетата дојде пред скорашните избори во Јапонија и Јужна Кореа и пред првата годишнина од смртта на Ким Џонг Ил, поранешен лидер и татко на сегашниот водач Ким Џонг Ун.

Од неговото преземање на власта Северна Кореа изведе лансирање на две ракети и забраната од Советот за безбедност.

Северна Кореа има изведено и две нуклеарни проби во 2006 и 2009 година. Соочена со повеќекратни санкции поради нејзините нуклеарни активности, Пјонгјанг постојано ги напушта шестпартитните преговори за нуклеарното разоружување на таа земја. Во нив се инволвирани Јужна Кореа, Јапонија, Русија, Кина и Соединетите држави.