Македонскиот пасош не е на цена во Европа или во светот, за да биде некаков бенефит од инвестирањето. Повеќето од инвеститорите во Македонија се граѓани и претпријатија од развиените земји, тие имаат многу повредни пасоши од нашите, вели поранешниот министер за финансии Никола Поповски.
Од економски промотори, роуд шоуа, реклами на светските телевизии до понуда на македонски пасош и државјанство за странците кои ќе инвестираат над 400 илјади евра во земјава. Низата мерки кои владата ги презема за да привлече странски капитал очигледно не даваат резултат, бидејќи фактите говорат дека во Македонија во последните девет месеци се инвестирани само 44 милиони евра, велат упатените.
Поранешниот министер за финансии Никола Поповски вели дека мерката е бесмислена, бидејќи ниту една држава во светот како Македонија не може да привлече инвеститори со тоа што ќе им даде државјанство и пасош.
„Македонскиот пасош не е на цена во Европа или во светот, за да биде некаков бенефит од инвестирањето. Европа е во основа веќе обединета, така што не знам кого ние би привлекле дополнително ако му дадеме пасош, затоа што повеќето од инвеститорите во Македонија се граѓани и претпријатија од развиените земји, тие имаат многу повредни пасоши од нашите.“
Мирче Чекреџи од Сојузот на Стопански комори вели дека секоја мерка која ја презема владата е позитивна, но дали ќе има ефект ќе покаже времето. Главниот хендикеп на Македонија според него, е тоа што не сме членка на НАТО и ЕУ.
„Тоа е главната кочница за недоволниот број на инвестиции. Сите мерки кои се преземаат со промоции, роуд шоуа итн. се нормални мерки за привлекување на странски инвестиции, меѓутоа во овие услови не даваат доволно резултати.“
Според Поповски целта на владата најверојатно е со оваа мерка е да реши некој индивидуален проблем.
„Од економски агол не значи ништо, значи од политички агол на тој што ќе инвестира да добие државјанство, но со оглед на тоа што во Македонија и тие малку што инвестираат се од развиените земји, тие не гледаат никаков политички бенефит од добивање на наше државјанство, така што мислам дека владата решава некои индивидуални проблеми коишто сака да ги легализира, а ги претставува како некој крупен чекор.“
Ваквата мерка ја применуваат и другите држави од регионот, како Црна Гора и Бугарија, каде државјанство и пасош се добива за вложени 500.000 евра.
Македонскиот пасош не е на цена во Европа или во светот, за да биде некаков бенефит од инвестирањето. Европа е во основа веќе обединета, така што не знам кого ние би привлекле дополнително ако му дадеме пасош, затоа што повеќето од инвеститорите во Македонија се граѓани и претпријатија од развиените земји, тие имаат многу повредни пасоши од нашите.Никола Поповски, универзитетски професор.
Поранешниот министер за финансии Никола Поповски вели дека мерката е бесмислена, бидејќи ниту една држава во светот како Македонија не може да привлече инвеститори со тоа што ќе им даде државјанство и пасош.
„Македонскиот пасош не е на цена во Европа или во светот, за да биде некаков бенефит од инвестирањето. Европа е во основа веќе обединета, така што не знам кого ние би привлекле дополнително ако му дадеме пасош, затоа што повеќето од инвеститорите во Македонија се граѓани и претпријатија од развиените земји, тие имаат многу повредни пасоши од нашите.“
Мирче Чекреџи од Сојузот на Стопански комори вели дека секоја мерка која ја презема владата е позитивна, но дали ќе има ефект ќе покаже времето. Главниот хендикеп на Македонија според него, е тоа што не сме членка на НАТО и ЕУ.
Сите мерки кои се преземаат со промоции, роуд шоуа се нормални мерки за привлекување на странски инвестиции, меѓутоа во овие услови не даваат доволно резултати.Мирче Чекреџи, Сојуз на Стопански комори.