Фокус ги анализира изјавите на Бериша и молчењето на Груевски, Граѓански и Капитал пишуваат за непримерните изјави на верските водачи, а Глобус за идејата за Голема Албанија.
Историја на Балканов колку сакаш. И што е најважно, се повторува, а за наравоученијата не се води сметка.
Фокус - Колку навистина можат Бериша и Груевски да бидат опасни?
Токму за ненаучената лекција од историјата на Балканските војни пишува најновиот Фокус, правејќи паралела со изјавите на Сали Бериша за обединување на сите Албанци во една нација и со „тврдото“ молчење на Никола Груевски, но испраќањето пораки за тоа колку е опасен преку своите медиумски гласноговорници, уште во насловот поставувајќи го, по малку зловесното прашање: „Колку навистина можат Бериша и Груевски да бидат опасни?“. Па понатаму појаснува дека секоја провокација, колку и да изгледа ситна и безначајна, особено секое намерно предизвикување нестабилност од политикантски причини, со цел да се добијат избори, на пример, на Балканот значи предизвикување на кревкиот мир.
Граѓански - Марш на поглаварите
Некако на истата линија, само од друг агол е и текстот во Граѓански насловен како: „Марш на поглаварите“. Авторката на анализата смета дека сè што се случува и изјавува или не изјавува последниве месеци во Македонија всушност е најава за етничко-верска надмоќ над уставниот поредок на државава. Кога еден партиски лидер изигрува историчар, еден верски поглавар глуми божји портпарол и сеалбански обединувач, а другиот - директор за јавна и државна безбедност, нормално е човек да се запраша - кој ја води оваа земја, меѓу две потраги по странски лекари кои ќе ги обучуваат нашите? – поентира Граѓански.
Капитал - Кому служат божјите слуги?
„Кому служат божјите слуги?“ - прашува авторот на текстот во Капитал, кој го анализира однесувањето на поглаварите на двете најголеми конфесии кај нас. Во актуелната чувствителна ситуација на меѓуетнички план привлекоа големо внимание, но не го испорачаа она што се очекува од нив. Напротив. Во недостиг на духовен капацитет за автентично наметнување, повторно тргнаа по лизгавиот терен на тврдата политика, потпирајќи се на ветувачки подадената рака од политичките елити, при што го губат интегритетот и дел од верниците, анализира, покрај другото, Капитал.
Глобус - Идејата за Голема Албанија ќе ги обедини Албанците во недемократија и сиромаштво
И Глобус ги анализира последиците од, во последно време искажаните замисли за Голема Албанија, па во насловот го цитира косовскиот интелектуалец Ветон Сурои дека „оваа идеја ќе ги обедини Албанците во недемократија и сиромаштво“. А авторот на текстот се надоврзува дека за самите Албанци таа идеја значи обединување на ситуации кои и во политичка и во економска смисла значат враќање кон далечното спахиско-беговско минато или во една посовремена варијанта на корпорациска, експлоататорска држава, во која веењето на знамињата за мнозинството од населението неизбежно ќе значи дека ќе останат само со стапот в рака!
Секоја провокација, колку и да изгледа ситна и безначајна, особено секое намерно предизвикување нестабилност од политикантски причини, со цел да се добијат избори, на пример, на Балканот значи предизвикување на кревкиот мир.Фокус.
Фокус - Колку навистина можат Бериша и Груевски да бидат опасни?
Токму за ненаучената лекција од историјата на Балканските војни пишува најновиот Фокус, правејќи паралела со изјавите на Сали Бериша за обединување на сите Албанци во една нација и со „тврдото“ молчење на Никола Груевски, но испраќањето пораки за тоа колку е опасен преку своите медиумски гласноговорници, уште во насловот поставувајќи го, по малку зловесното прашање: „Колку навистина можат Бериша и Груевски да бидат опасни?“. Па понатаму појаснува дека секоја провокација, колку и да изгледа ситна и безначајна, особено секое намерно предизвикување нестабилност од политикантски причини, со цел да се добијат избори, на пример, на Балканот значи предизвикување на кревкиот мир.
Кога еден партиски лидер изигрува историчар, еден верски поглавар глуми божји портпарол и сеалбански обединувач, а другиот - директор за јавна и државна безбедност, нормално е човек да се запраша - кој ја води оваа земја, меѓу две потраги по странски лекари кои ќе ги обучуваат нашите?Граѓански.