Уапсениот командир се сомничи дека бил главен организатор на рибокрадството во Охридското Езеро. Наместо да го блокира неовластеното ловење на риба, тој го правел спротивното.
Командирот на Езерската полиција во Охрид Дарио Клечкароски се сомничи дека бил главен организатор на рибокрадството во Охридското Езеро. Тој, заедно со уште три лица од Охрид и Струга, е уапсен и лишен од слобода во полициската акција Пента.
Клечкароски, според информации на полицијата, ја координирал групата и им давал информации на соработниците кога можат да влезат во водите на Охридското Езеро и кога нема да наидат на контрола. Наместо да го блокира неовластеното ловење на риба, тој го правел спротивното.
Останатите три лица, уловената риба најпрво ја носеле во своите домови, а потоа ја продавале на црниот пазар, рече директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски.
„Овие активности се преземени во оперативната акција Пента која МВР ја води од јуни месец оваа година до денес. Командирот подолго време како организатор организирал група која неовластено ловела риба во Охридското Езеро и истата ја продавала на угостителски објекти и приватни лица низ Република Македонија“, рече Тодоровски.
Во домот на овие лица полицијата пронашла и поголема количина на опрема за ловење и уловена риба.
Ако се знае дека на црниот пазар килограм охридска пастрмка се движи од 1000 денари па нагоре, тогаш штетата, не само за концесионерот, туку и за државата е огромна, велат добрите познавачи на приликите според кои најголема штета е предизвикана врз рибниот фонд во езерото. Радован Димитриевски од СРК Свети Апостол Петар рече дека ова треба да биде само почеток во сузбивањето на недозволениот лов на риба во езерото и организираниот криминал во областа на рибарството.
„Мислам дека во тој организиран криминал се вмешани многу институции, инспектори, судии, полиција, рибокрадци, професионални и непрофесионални рибари, шверцери, царинарници и затоа не можеме да се справиме со рибокрадството. Ова го нема никаде во светот и мора да се елиминира за да се стави ред во езерото“, рече Димитриевски.
Охриѓани велат дека е она што се случувало е за осуда и оти е крајно време да се направи ред во езерото.
„Па тоа е крајно за осудување, не треба да се простува. Нека се правда ако мислат дека е во право.“
„Редно беше да се расчисти со некои работи и со тоа рибокрадство. Значи тука биле кривците меѓу нас“, велат анкетираните охриѓани.
Од полицијата се сомневаат дека оваа група организирано дејствувала и пред почетокот на нивното следење во јуни годинава.
Овие активности се преземени во оперативната акција Пента која МВР ја води од јуни месец оваа година до денес. Командирот подолго време како организатор организирал група која неовластено ловела риба во Охридското Езеро и истата ја продавала на угостителски објекти и приватни лица низ Република Македонија.Љупчо Тодоровски, директорот на Биро за јавна безбедност.
Клечкароски, според информации на полицијата, ја координирал групата и им давал информации на соработниците кога можат да влезат во водите на Охридското Езеро и кога нема да наидат на контрола. Наместо да го блокира неовластеното ловење на риба, тој го правел спротивното.
Останатите три лица, уловената риба најпрво ја носеле во своите домови, а потоа ја продавале на црниот пазар, рече директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски.
„Овие активности се преземени во оперативната акција Пента која МВР ја води од јуни месец оваа година до денес. Командирот подолго време како организатор организирал група која неовластено ловела риба во Охридското Езеро и истата ја продавала на угостителски објекти и приватни лица низ Република Македонија“, рече Тодоровски.
Во домот на овие лица полицијата пронашла и поголема количина на опрема за ловење и уловена риба.
Мислам дека во тој организиран криминал се вмешани многу институции, инспектори, судии, полиција, рибокрадци, професионални и непрофесионални рибари, шверцери, царинарници и затоа не можеме да се справиме со рибокрадството. Ова го нема никаде во светот и мора да се елиминира за да се стави ред во езерото.Радован Димитриевски, СРК Свети Апостол Петар.