Од Брисел доаѓаат пораки дека не може ништо да се прејудицира за Македонија и дека заклучоците повторно ќе зависат од сите земји членки при што Грција не најавила никаква промена на позицијата. Во Македонија не недостасуваат различни прогнози и очекувања, а не недостасува ни оптимизам.
И со приближувањето на Самитот во Брисел оттаму се уште пораките дека не може ништо да се прејудицира што се однесува до Македонија како и до позициите на земјите членки на Унијата. Заклучоците од Самитот повторно ќе зависат од сите земји членки при што Грција не најавила никаква промена на позицијата.
Еврокомесарот Филе кој беше активен со цел да обезбеди услови за некаков напредок на земјава по објавувањето на есенскиот извештај на комисијата, сега јасно порачува дека волшебни решенија не постојат и ништо не е во рацете и во креативноста на луѓето од Европската комисија.
Во Македонија не недостасуваат различни прогнози и очекувања, а не недостасува ни оптимизам.
„Јас сум оптимист по природа и очекувам дека сепак ќе се изнајде решение, можеби сега ова е делумно игра поради јавноста и за да се стекне посилна позиција, но ќе видиме. Едноставно може да гласи дека името се решава на стартот со првото поглавје кое се однесува на меѓусоседските односи“, вели професорот Мерсел Билјали кој доколку неговите оптимистички прогнози се остварат очекува дека таков заклучок би донел самиот Самит на 13 и 14, но насоките не би се добиле од претходниот состанок на амбасадорите на земјите членки, ниту на министрите, ниту пак постојат очекувања дека таму би била прифатена препораката која ја даде ЕК.
Политикологот Владимир Божиновски не е оптимист дека позитивни вести Македонија ќе чуе наредната недела, но за него е неприфатливо ни да се случи целосно одложување како што тоа се случи минатите години.
„Мислам дека ќе се донесе определен заклучок кадешто ќе се постави некаков рок во кој Македонија би морала да добие датум, на пример до јуни 2013-та Македонија мора да има решение кога ќе биде датумот.“
Ваквиот исход, според Божиновски, се базира на логиката дека тој одредува временска рамка за период кој би бил попрецизно мониториран, но и кој би наметнал конкретни исчекувања и барања за компромис меѓу Македонија и Грција. И тоа би било нешто што може да биде најдобриот исход во ваквата констелација на настани за Македонија, додава Божиновски.
Самиот на ЕУ ќе се одржи на 13 и 14 декември. Два дена пред тоа состанок ќе одржат министрите на ЕУ, а за утре попладне го одложија синоќа започнатиот состанок амбасадорите на земјите членки.
Јас сум оптимист по природа и очекувам дека сепак ќе се изнајде решение, можеби сега ова е делумно игра поради јавноста и за да се стекне посилна позиција, но ќе видиме. Едноставно може да гласи дека името се решава на стартот со првото поглавје кое се однесува на меѓусоседските односи.Мерсел Биљали, универзитетки професор.
Еврокомесарот Филе кој беше активен со цел да обезбеди услови за некаков напредок на земјава по објавувањето на есенскиот извештај на комисијата, сега јасно порачува дека волшебни решенија не постојат и ништо не е во рацете и во креативноста на луѓето од Европската комисија.
Во Македонија не недостасуваат различни прогнози и очекувања, а не недостасува ни оптимизам.
„Јас сум оптимист по природа и очекувам дека сепак ќе се изнајде решение, можеби сега ова е делумно игра поради јавноста и за да се стекне посилна позиција, но ќе видиме. Едноставно може да гласи дека името се решава на стартот со првото поглавје кое се однесува на меѓусоседските односи“, вели професорот Мерсел Билјали кој доколку неговите оптимистички прогнози се остварат очекува дека таков заклучок би донел самиот Самит на 13 и 14, но насоките не би се добиле од претходниот состанок на амбасадорите на земјите членки, ниту на министрите, ниту пак постојат очекувања дека таму би била прифатена препораката која ја даде ЕК.
Мислам дека ќе се донесе определен заклучок кадешто ќе се постави некаков рок во кој Македонија би морала да добие датум, на пример до јуни 2013-та Македонија мора да има решение кога ќе биде датумот.Владимир Божиновски, политиколог.