Седумнаесетгодишно момче од Прилеп се жали дека полицијата често неосновано го приведува и го малтретира. Во МВР го негираат тепањето и сугерираат семејството да го пријави случајот во секторот за внатрешна контрола.
Седумнаесетгодишно момче од Прилеп и неговото семејство, тврдат дека постојано се неосновано малтретирани од прилепската полиција. Велат, во последниве две години, момчето е повикувано во полиција најмалку седум пати. Секогаш кога нешто се случувало во маалото, овој тинејџер бил насилно приведуван и физички малтретиран. Но, секогаш повторно е пуштен дома, зашто полицијата не може да открие негова вина.
Таткото Диме Петкоски, вели дека полицијата одела до таму, што го прашувала синот, од каде му се парите за убави чевли или патики. Вели, тој копа канали, работи посветено во прилепски „Водовод и канализација“, за да им обезбеди подобра иднина на трите деца. Тврди дека неретко полицајци без налог доаѓаат во нивниот дом и ги вознемируваат, претресуваат сè во куќата, но досега ништо не нашле.
Деновиве синот, повторно бил насилно приведен во полицијата, тврдат. Таму, вели оваа момче, го тепале двајца полицајци, додека плачел од болка, мајка му слушала сè и плачела во ходникот, до просторијата во која го малтретирале.
„На земја лежев, со тупаници, со боксови, со нозе, со сè ме маваше, кога станав после дури ме прашуваше, ми вика - што размисли, ќе кажуваш или не, и дури стоев ме маваше со шлаканици и со пендрeкот по глава, ме маваше. Кога лежев на земја, едниот ми цапна на врат, другиот со пендрекот ме маваше не можев ни да мрдам, ни ништо, само плачев“, тврди овој тинејџер.
Мајката на ова момче, ја затекнавме многу вознемирена и облеана во солзи. Таа потврди дека со синот заедно во неколку наврата одат во полиција, но нејзе не и дозволуваат да биде присутна додека полицајците разговараат со синот. Таа одби јавно да се чуе нејзиниот глас, но вели дека со сопругот Диме заедно ќе преземат мерки да си го заштитат детето.
„Иди, ми вика, малолетен е, не смееме без родител, а бе еве мајка му беше. Ами зошто ја вика мајка му кога е така, кога го тепаат, не мора мајка му да оди. Еве и напред го тепале, а јас тогаш не бев, мајка му беше, не е убава работа, како сега, кај се направило кражба - туп овде, туп овде“, вели таткото Петкоски и тврди дека ќе ангажираат адвокат, за да им го покаже патот на законот и да го спречат следното насилно однесување на полицијата.
Од МВР го потврдија последното приведување на момчето во прилепската полиција. Велат дека овој тинејџер бил повикан поради основи на сомнение дека е вмешан во некоја кражба и недозволена трговија со дрога. Акцентираат и дека против него, не е употребена сила, но доколку семејството смета дека е така, сугерираат случајот да го пријават во секторот за внатрешна контрола на МВР.
На земја лежев, со тупаници, со боксови, со нозе, со сè ме маваше, кога станав после дури ме прашуваше, ми вика - што размисли, ќе кажуваш или не, и дури стоев ме маваше со шлаканици и со пендрeкот по глава, ме маваше. Кога лежев на земја, едниот ми цапна на врат, другиот со пендрекот ме маваше не можев ни да мрдам, ни ништо, само плачев.Прилепски тинејџер кој тврди дека е малтретиран од полицијата.