Последните вести од Балканот звучат чудно, се наведува во текстот на Гордон Бардос – експерт за Балканот и национална безбедност за „Национален интерес“. За Босна, Македонија, Србија и Косово како малку да се сменило од 1991 година досега, а ЕУ е се уште далеку.
Во Босна, трите водечки национални партии победија на изборите, а земјата е заглавена во политички и уставни спорови околу тоа како моќта да се подели меѓу главните етнички групи. Медиумите се полни со приказни за злосторствата извршени за време на претходната војна.
Во Србија, владата е предводена од премиер на Социјалистичката партија, а еден од главните приоритети на политичката агенда е како да се справи со проблемот со Косово. Во самото Косово, пак, Србите создадоа паралелни институции за да ги заштитат своите интереси.
На југ, Грција одбива да го прифати правото на нејзиниот северен сосед да го користи името.
Една етничка група што се наоѓа поделена меѓу голем број на држави се повеќе се залага за „поголемо“ решение на своето национално прашање. А за повеќето луѓе, надежта за пристапување кон ЕУ изгледа како далечен сон, пишува Гордон Бардос, експерт за Балканот и национална безбедност за „Национален интерес“.
Годината е 1991 или 2012?
Колку суштински напредок, всушност, е направен на Балканот во текот на изминатите дваесет години? Колку работите навистина се променети? Иако Бугарија и Романија и се приклучија на ЕУ во 2007 година, тоа има мал ефект во промовирањето на фундаментални промени во овие земји. Од друга страна, додека Хрватска ќе пристапи во ЕУ следната година, далеку поголема и поважна приказна е фактот дека Грција би можела да стане првата балканска земја која ќе мора да ја напушти еврозоната. Колку далеку изгледа ЕУ за повеќето луѓе на Балканот покажува шегата во Белград дека Србија ќе влезе во ЕУ за време на турското претседателство со Унијата.
Балканизација на Европа
ЕУ сега и самата се соочува со истите политички и економски дебати за централизација и децентрализација што личи на она што поранешна Југославија го доживеа во 1980 година, а знаеме како таа приказна заврши. Експертот за безбедност од Њујорк Гордон Бардос пишува дека подемот на регионалниот сепаратизам во Белгија, Шпанија и Велика Британија, само го зајакнуваат чувството што често се слуша во регионот дека на мултинационалната ЕУ може да и се случи мултинационална Југославија. Навистина, смета Бардос, наместо да се зборува за европеизација на Балканот, сега се зборува за балканизација на Европа.
Оние кои сакаат на Балканот да гледаат оптимистички укажуваат на фактот дека повеќето балкански земји се или полноправни членки на НАТО или членки на „Партнерството за мир“, но и во овој случај има негодување во целиот регион за трошоците и придобивките од членството во НАТО. Во Хрватска, на пример, скептиците прашуваат зошто Загреб треба да купува авиони F-16 кога тие дури и не може да достигнат максимална брзина и висина во рамките на хрватскиот воздушен простор.
Од друга страна, сега е потребно повеќе време да се минат границите на поранешните југословенски републики отколку за време на железната завеса, а Мостар и Митровица се замена за Берлин како поделени градови на Европа. Корупцијата во сите овие земји е дури и полоша отколку во последните години на комунизмот, а животниот стандард се врати на нивото од пред 1989 година.
Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, чија цел беше да се индивидуализира вината и да се промовира етничко помирување, има направено малку и за двете работи.
За среќа, практично е невозможно Балканот, познат како „Буре барут на Европа“, повторно да предизвика пожар во Европа, смета Гордон Бардос, експерт за балканска политика и специјалист за безбедност со седиште во Њујорк.
ЕУ сега и самата се соочува со истите политички и економски дебати за централизација и децентрализација што личи на она што поранешна Југославија го доживеа во 1980 година, а знаеме како таа приказна заврши. Подемот на регионалниот сепаратизам во Белгија, Шпанија и Велика Британија, само го зајакнуваат чувството што често се слуша во регионот дека на мултинационалната ЕУ може да и се случи мултинационална Југославија. Навистина, наместо да се зборува за европеизација на Балканот, сега се зборува за балканизација на Европа.Гордон Бардос, експерт за балканска политика и специјалист за безбедност со седиште во Њујорк.
Во Србија, владата е предводена од премиер на Социјалистичката партија, а еден од главните приоритети на политичката агенда е како да се справи со проблемот со Косово. Во самото Косово, пак, Србите создадоа паралелни институции за да ги заштитат своите интереси.
На југ, Грција одбива да го прифати правото на нејзиниот северен сосед да го користи името.
Една етничка група што се наоѓа поделена меѓу голем број на држави се повеќе се залага за „поголемо“ решение на своето национално прашање. А за повеќето луѓе, надежта за пристапување кон ЕУ изгледа како далечен сон, пишува Гордон Бардос, експерт за Балканот и национална безбедност за „Национален интерес“.
Годината е 1991 или 2012?
Колку суштински напредок, всушност, е направен на Балканот во текот на изминатите дваесет години? Колку работите навистина се променети? Иако Бугарија и Романија и се приклучија на ЕУ во 2007 година, тоа има мал ефект во промовирањето на фундаментални промени во овие земји. Од друга страна, додека Хрватска ќе пристапи во ЕУ следната година, далеку поголема и поважна приказна е фактот дека Грција би можела да стане првата балканска земја која ќе мора да ја напушти еврозоната. Колку далеку изгледа ЕУ за повеќето луѓе на Балканот покажува шегата во Белград дека Србија ќе влезе во ЕУ за време на турското претседателство со Унијата.
Сега е потребно повеќе време да се минат границите на поранешните југословенски републики отколку за време на железната завеса, а Мостар и Митровица се замена за Берлин како поделени градови на Европа. Корупцијата во сите овие земји е дури и полоша отколку во последните години на комунизмот, а животниот стандард се врати на нивото од пред 1989 година.Гордон Бардос, експерт за балканска политика и специјалист за безбедност со седиште во Њујорк.