Владата стана заложник на проектите кои ги почна пред неколку години, поради што догодинешниот не може да биде развоен буџет, вели екс-министерот за финансии Џевдет Хајредини.
Најголемата сума народни пари во делот на капитални инвестиции е предвидена за градежни објекти. Не изостануваат ни ставките за купување мебел и возила, за што се предлага трошење повеќе пари отколку за стратешки стоки и други резерви.
Владата стана заложник на проектите кои ги почна пред неколку години, поради што догодинешниот не може да биде развоен буџет, вели екс-министерот за финансии Џевдет Хајредини.
„Сега тие средства предвидени за капитални расходи се врзани со измирување на заостанати обврски кои никој не ги кажува, колку се и што се, а всушност се за довршување на постојните незавршени работи и за исплата на заостанати обврски за извршени работи, а не исплатени.“
Упорно се одбива да се каже колку се троши за обврските за извршени работи, вели екс-министерот.
„А тие мора да ги предвидат во овој буџет за 2013 година за да ги занемарат последиците или тие градежни фирми кои побаруваат од владата, а немаат од каде понатаму да го финансираат својот бизнис.“
Хајредини посочува дека догодина се предлага трошење на значајна количина народни пари за Министерството за култура.
„Значи не станува збор за никакво продолување или започнување со градба на некаков инфраструктурен објект кој би бил за бизнисот, за стопаснтвото и за развојот.“
Слично како и во минатото, и овој предлог–буџет се промовираше во светло на трошоците за капитални расходи, што го покрева прашањето дали и расходите од народната каса се употребуваат за добивање политички поени? Одговара политикологот Соња Стојадиновиќ.
„И ние имаме капитални расходи и ние ќе вложуваме и ние ќе градиме. Но кога, во очи на избори? За шест месеци дали може нешто капитално да се изнвестира и да се развие? Не може. Тоа секогаш е млатење на празна слама во очи на избори, па макар биле и локални.“
Вреди и да се спомене дека од основниот буџет и фондовите за догодина се предлага трошење на помалку пари во споредба со расходите од основниот буџет годинава.
Сега тие средства предвидени за капитални расходи се врзани со измирување на заостанати обврски кои никој не ги кажува, колку се и што се, а всушност се за довршување на постојните незавршени работи и за исплата на заостанати обврски за извршени работи, а не исплатени.Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии.
Владата стана заложник на проектите кои ги почна пред неколку години, поради што догодинешниот не може да биде развоен буџет, вели екс-министерот за финансии Џевдет Хајредини.
„Сега тие средства предвидени за капитални расходи се врзани со измирување на заостанати обврски кои никој не ги кажува, колку се и што се, а всушност се за довршување на постојните незавршени работи и за исплата на заостанати обврски за извршени работи, а не исплатени.“
Упорно се одбива да се каже колку се троши за обврските за извршени работи, вели екс-министерот.
„А тие мора да ги предвидат во овој буџет за 2013 година за да ги занемарат последиците или тие градежни фирми кои побаруваат од владата, а немаат од каде понатаму да го финансираат својот бизнис.“
И ние имаме капитални расходи и ние ќе вложуваме и ние ќе градиме. Но кога, во очи на избори? За шест месеци дали може нешто капитално да се изнвестира и да се развие? Не може.Соња Стојадиновиќ , политиколог.