Верските лидери ги разгоруваат страстите

Архивска фотографија.

Поглаварот на МПЦ дава изјави со големи примеси на политика, а поглаварот на ИВЗ повикува на обединување на албанските земји. За да и се додворат на политиката, дофрлуваат како двајцата старци на балконот во Мапет шоу, вели аналитичарот Рамадан Рамадани.
Погрешни изјави во погрешно време и на погрешно место, ги коментираат експертите изјавите кои деновиве можеа да се слушнат во Скопје на прославата на стогодишнината од независноста на Албанија и Денот на знамето, а потоа и на верските лидери, поглаварот на МПЦ дадена со големи примеси на политика, а вчера и поглаварот на ИВЗ со повици за обединување на албанските земји.
Не верувам дека истите тие се поттикнати од политички центри колку што самите овие луѓе, од фрустрација, во најпогрешно време и место дофрлуваат како двајцата старци на балконот во Мапет шоу. Ова се некои нивни лични поводи да и се додворуваат на политиката и да бидат во јавноста.
Рамадан Рамадани, аналитичар.

За македонските граѓани целата оваа атмосфера е опасна и според нив покажува дека тензиите се постојано присутни и без поголема претпазливост можат многу брзо да излезат од контрола.

Реис ул Улема на Исламската верска заедница, Сулејман ефенди Реџепи.


„Тензијата секогаш била и ќе биде и политичка и верска, само што верската тензија секогаш треба да биде многу понамалена, а сега е експанзијата до кулминација и ова е најлошата работа што може да и се случи на една држава.“

„Албанците се борат за своја територија и дел од Македонија.“

„Тоа што велат соединување, Голема Албанија, нема да даде Европа тоа, нема да дозволи светот, само се лажат“, велат анкетираните граѓани.

Во овој момент кога ние со сите сили настојуваме да се прикажеме европски во Европа и претендираме на отворање на тие пристапни преговори, сега одеднаш ни се случуваат некои работи кои потсетуваат на некое средновековие.
Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор.
Архиепископот г.г. Стефан, кој ги повика органите на редот во државата да преземат мерки во врска со инцидентите, кои, рече, водат во непријателски однесувања и национална и верска омраза. Поглаварот на ИВЗ, пак, вчера зборуваше за обединување на албанските земји како божја волја.

Нивните изјави се крајно неодговорни и потекнуваат од луѓе кои според очекувањата од граѓаните треба да бидат најтрезвените и најмудрите, вели аналитичарот Рамадан Рамадани.

„Не верувам дека истите тие се поттикнати од политички центри колку што самите овие луѓе, од фрустрација, во најпогрешно време и место дофрлуваат како двајцата старци на балконот во Мапет шоу. Ова се некои нивни лични поводи да и се додворуваат на политиката и да бидат во јавноста.“

Дел од аналитичарите сметаат дека ваквата атмосфера е логична последица на долгото стагнирање кон интеграциите и очекуван развој на настаните, ако се земат предвид сите претходни предупредувања дека тоа може лошо да се одрази на меѓуетничките односи во земјава. Политичарите од Косово и од Албанија само ја користат ваквата ситуација.

За социологот Ѓорѓи Тоновски, целокупната атмосфера на национализам создадена деновиве во Скопје со изјавите на албанските лидери како и пораките на верските лидери во земјава е неочекувано свртување на процесите во земјава кои се очекува да не водат кон меѓународните организации и дека само покажуваат неевропско однесување на патот кон Европа.

„Во овој момент кога ние со сите сили настојуваме да се прикажеме европски во Европа и претендираме на отворање на тие пристапни преговори, сега одеднаш ни се случуваат некои работи кои потсетуваат на некое средновековие“, вели Тоновски.