Неодговорно за Македонија или, пак, оправдано поради говорите на премиерите на Албанија и Косово во Скопје. Ова се поделените мислења на двајца аналитичари - Македонец и Албанец за тоа што Претседателот Ѓорге Иванов реши да не присуствува на прославата во Тирана по повод 100 години од создавање на албанската држава. Она во што и двајцата, пак, се согласуваат е дека некординираноста на владините партнери е лоша за македонско–албанските односи. Во Тирана се министрите на ДУИ, а во маршот на НАТО таму учествуваат и македонски војници.
Македонските претставници не отпатуваа на прославата на 100-годишнината од државноста на Албанија, револтирани од прославата на албанското знаме во Скопје, се согласуваат нашите соговорници Мерсел Биљали и Ристо Никовски, но имаат различен став дали тоа е оправдано или не.
Во Тирана ќе слави речиси целото раководство на ДУИ, но не беше најавено присуство на ниту еден член од македонскиот политички блок. Министерството за одбрана соопшти дека на централна воена парада во Тирана организирана по тој повод, врз основа на одлука на Владата на Република Македонија, заедно со војниците на земјите-членки на НАТО ќе маршираат и тројца офицери на АРМ од кои еден знаменосец со знаме на Република Македонија.
Пред прославата, премиерот Никола Груевски замина во ненајавена „економска турнеја“ во САД, а претседателот Ѓорге Иванов го откажа присуството. Од неговиот кабинет само кусо соопштија дека Претседателот одлучил да не замине на централната прослава во Тирана, поради последните инциденти. Автомобилотот на премиерот Никола Груевски беше погоден со јајце при неговата посета на Тирана пред неколку дена.
Универзитетскиот професор Мерсел Биљали вели дека ваквото однесување на македонскиот државен врв е многу неодговорно.
„Со тоа се дискредитира државата, оти за дневно политички или маркетиншки цели да не се патува во една соседна држава која слави еден век самостојност, мислам дека да се случуваше обратното ќе беше дипломатски скандал. Мислам дека е крајно време да се престане со дневно политички игри и да се калкулира со евтин маркетинг, газејќи по круцијалните интереси на државата.“
Биљали вели дека непатувањето на македонскиот државен врв во Тирана е резултат на неоправдан револт од прославата на албанското знаме во Скопје. Според него, фрлањето јајца по премиерот Груевски во Тирана не може да биде оправдание за откажување на посетата на претседателот. И германската канцеларка Ангела Меркел не беше убаво пречекана од Грците при нејзината посета на Атина, па не се случи ништо, потсетува тој.
„Такви инциденти има секој ден во светот. Протестираа, ги гаѓаат, ги навредуваат политичарите, но важно е што мисли официјалната политика, а не некој инцидентен човек кој е склон да направи инцидент и тоа да го дигнеме на ниво на државна политика“, вели Биљали.
Поранешниот дипломат Ристо Никовски, пак, вели дека нема никаква индикација дека учеството на министрите од ДУИ на прославата во Тирана е договорено на ниво на влада и тоа е лош знак и за македонско-албанските односи, но и за состојбите во Македонија.
„Чинам дека Претседателот сосема оправдано не отиде во Тирана, не само поради инцидентот што се случи при неодамнешната посета на премиерот, туку напротив, после тешкиот политички инцидент кој беше направен за време на прославата на албанското знаме во Скопје. Немаше никаков знак дека тоа се одржува во Македонија, а Бериша зборуваше за Голема Албанија и тоа среде Скопје што беше крајно невкусно и политички неприфатливо“, вели Никовски.
За дневно политички или маркетиншки цели да не се патува во една соседна држава која слави еден век самостојност, мислам дека да се случуваше обратното ќе беше дипломатски скандал. Мислам дека е крајно време да се престане да се калкулира со евтин маркетинг, газејќи по круцијалните интереси на државата.Мерсел Биљали, универзитетски професор.
Во Тирана ќе слави речиси целото раководство на ДУИ, но не беше најавено присуство на ниту еден член од македонскиот политички блок. Министерството за одбрана соопшти дека на централна воена парада во Тирана организирана по тој повод, врз основа на одлука на Владата на Република Македонија, заедно со војниците на земјите-членки на НАТО ќе маршираат и тројца офицери на АРМ од кои еден знаменосец со знаме на Република Македонија.
Пред прославата, премиерот Никола Груевски замина во ненајавена „економска турнеја“ во САД, а претседателот Ѓорге Иванов го откажа присуството. Од неговиот кабинет само кусо соопштија дека Претседателот одлучил да не замине на централната прослава во Тирана, поради последните инциденти. Автомобилотот на премиерот Никола Груевски беше погоден со јајце при неговата посета на Тирана пред неколку дена.
Универзитетскиот професор Мерсел Биљали вели дека ваквото однесување на македонскиот државен врв е многу неодговорно.
Чинам дека Претседателот сосема оправдано не отиде во Тирана, не само поради инцидентот што се случи при неодамнешната посета на премиерот, туку напротив, после тешкиот политички инцидент кој беше направен за време на прославата на албанското знаме во Скопје. Немаше никаков знак дека тоа се одржува во Македонија, а Бериша зборуваше за Голема Албанија и тоа среде Скопје што беше крајно невкусно и политички неприфатливо.Ристо Никовски, поранешен дипломат.