Комитетот за човекови права на ОН изрази длабока загриженост поради тоа што Иран континуирано употребува тортура, извршува смртна казна, егзекутира малолетници и систематски се соочува со активистите за човекови права. Комитетот со резолуција повика да се стави крај на прекршувањата на човековите права и ги повика властите во Иран веднаш да ги ослободат сите оние притворени кои се обиделе да го остварат правото на мирно собирање. Во резолуцијата, исто така, се изразува загриженост за ограничувањата на кандидатите за парламентарните избори закажани за следната година. Комитетот за човекови права ја повика Владата на Иран „да се обезбедат слободни, фер, транспарентени и инклузивни претседателските избори во 2013 година, преку кои се рефлектира волјата на народот". Се очекува резолуцијата да биде изгласана следниот месец.