Граѓанската иницијатива „Аман“, која веќе 100 дена протестира против поскапувањата на енергенсите денеска доби зелено светло од Владата да ја спроведе иницијативата за собирање 10 илјади потписи за измени во Законот за енергетика. Во рок од 20 дена треба да се отвораат локални канцеларии на Државната изборна комисија во 34 општини, каде што граѓаните во наредните три месеци ќе можат да се потпишат за поддршка на иницијативата за промена на некои членови од Законот.
„Аман“ изготви предлог-закон со кој се бара изменување и дополнување на Законот за енергетика и доколку собере 10 илјади потписи, измените ќе може да влезат во собраниска процедура. Со измените на законот се предвидува граѓаните кои не ги користат услугите за парно да не им плаќаат на давателите на услуги и враќање на дневната евтина тарифа.