Претседателот Ѓорге Иванов денеска изјави дека секогаш ќе реагира кога се посегнува по македонскиот идентитет, одговарајќи на новинарско прашање за вчерашните консулатци со еврамабасадорот Аиво Орав по неговиот говор во Европскиот Парламент каде го употреби терминот „славомакедонци“. Тој додаде дека тоа е чуствително прашање и дека ако правото за самоидентификација важи за другите треба да важи и за нас. Евроамбасадорот Орав, вчера изјави дека немал намера да навреди никого со минатонеделниот говор и дека не дал никаква политичка изјава со коментарот.