ЛГБТ Јунајтед го осуди вчерашниот инцидент

Здружениeто ЛГБТ Јунајтед во Македонија, го осуди вчерашниот инцидент при кој двајца активисти и борци за права на маргинализираните заедници беа нападнати и истепани. Инцидентот се случил пред почетокот на Маршот за толеранцијата кога Кочо Андоновски и Марко Ковачевски кои лепеле плакати за да го искажат своето противење кон сите видови дискриминација, биле нападнати и вербално и физички.
ЛГБТ Јунајтед ги повикува државните органи да реагираат согласно законите и надлежностите и да ги санкционираат сите кои поддржуваат каков било вид на насилство мотивирано од хомофобија или трансфобија.