Екологистите, охриѓани и градските власти не го одобруваат проектот на владата за изградба на аеродром на вода во Охридското Езеро. Сметаат дека станува збор за чисто политички маркетинг пред локалните избори и проект кој никогаш нема да се реализира.
Најавите на Министерството за транспорт и врски за изградба на аеродром на вода на Охридското Езеро се чисто политички, сметаат дел од охридските екологисти, охриѓани, но и локалната самоуправа. Во објавениот меѓународен јавен оглас е истакнато дека со изградбата на аеродромот на вода ќе се овозможи подобра поврзаност на Охрид со останатите туристички дестинации на балканскиот полуостров.
Борис Стојаноски од Еколошкото друштво „Грашница“ и Ѓоко Зороски од Движењето на екологистите на Македонија сметаат дека Охридското езеро не може да си дозволи таков луксуз бидејќи такви аеродроми се градат само на големи еко-системи како што се морињата.
„Ова е една политичка игра. Мислам дека е некоја игра, бидејќи за да се одобри тој проект се потребни многу параметри, многу аспекти да се проучат и после да се додели дозвола“, вели Стојаноски.
„Ова е само пробен балон за да се испита мислењето на јавноста или да се прикаже дека нешто се инвестира, но сметам дека во овој момент не е потребен таков зафат особено на чувствителен еко-систем како Охридското Езеро, бидејќи опасностите кои демнат се многу поголеми од можните добивки за кои се сомневаме дека би биле такви“, вели Зороски.
Екологистите се плашат дека во тој случај може да дојде и поголеми хаварии при напојувањето на авионите со гориво и негово излевање во езерото. Тие се на мислење дека за овој проект треба да се праша и албанската страна.
За градоначалникот на Охрид Александар Петрески проектите на владата биле забегани.
„Идеите и работите на ВМРО-ДПМНЕ одамна се забегани и она што во Скопје се случува не е случено во Охрид затоа што немаат градоначалник по своја мерка. Аеродром на вода се реализира онаму каде не може на суво да се реализира“, вели Петрески.
Охриѓани сметаат дека станува збор за чисто политички маркетинг пред локалните избори и проект кој никогаш нема да се реализира.
„Ова е маркетинг пред изборите, и не би требало во езерото да има вакво нешто.“
„Цврсто сум убеден дека тоа не му е потребно на Охрид, Охрид има аеродром. Треба да се инвестира во други проекти.“
„Има политички и изборен маркетинг. Нормално е дека сега го прават ова, а не пред три години оти сигурно не требало тогаш да го направат“, велат охриѓани.
За професорот по авио-сообраќај на Универзитетот во Битола, Томислав Тунтев проектот не е економски исплатлив, затоа што во Охрид веќе постои аеродром каде во овој период од годината и така има само неколку лета во неделата.
Ова е само пробен балон за да се испита мислењето на јавноста или да се прикаже дека нешто се инвестира, но сметам дека во овој момент не е потребен таков зафат особено на чувствителен еко-систем како Охридското Езеро, бидејќи опасностите кои демнат се многу поголеми од можните добивки за кои се сомневаме дека би биле таквиЃоко Зороски, Движење на екологистите на Македонија.
Борис Стојаноски од Еколошкото друштво „Грашница“ и Ѓоко Зороски од Движењето на екологистите на Македонија сметаат дека Охридското езеро не може да си дозволи таков луксуз бидејќи такви аеродроми се градат само на големи еко-системи како што се морињата.
„Ова е една политичка игра. Мислам дека е некоја игра, бидејќи за да се одобри тој проект се потребни многу параметри, многу аспекти да се проучат и после да се додели дозвола“, вели Стојаноски.
„Ова е само пробен балон за да се испита мислењето на јавноста или да се прикаже дека нешто се инвестира, но сметам дека во овој момент не е потребен таков зафат особено на чувствителен еко-систем како Охридското Езеро, бидејќи опасностите кои демнат се многу поголеми од можните добивки за кои се сомневаме дека би биле такви“, вели Зороски.
Идеите и работите на ВМРО-ДПМНЕ одамна се забегани и она што во Скопје се случува не се случува во Охрид затоа што тука немаат градоначалник по своја мерка. Аеродром на вода се реализира онаму каде не може на суво да се реализира.Александар Петрески, градоначалник на Охрид.