Одговорот на Аврамопулос дека во писмото од Попоски немало одговор на грчкиот меморандум, за аналитичарите значи дека нема напредок во напорите за решавање на спорот за името.
Ако Атина сега вели дека одговорот на грчкиот меморандум од македонска страна е празен и не содржи реален одговор, тоа дефакто ги кочи сите иницијативи што еврокомесарот за проширување Штефан Филе ги правеше во последниве месеци, реагираат дел од експертите во Македонија.
Сето ова покажува дека и нема можност да постои и некаква тајна дипломатија зашто таа би требало да ги следи изјавите дадени јавно и таа би требало да го подготвува теренот за тоа што треба да се случи, анализира професор Стево Пендаровски.
„Одговорот на Аврамопулос не е подготовка на терен. Од вчерашниот грчки одговор не добивам впечаток дека нешто тајно случува или дека се комуницира по некој втор канал, затоа мислам дека во овој момент разговорите - и по јавни и по евентуално тајни комуникациски канали се прекинати.“
Дел од експертите, пак, анализираат дека станува сè поголем притисокот во Грција и дека тоа и дава шанса на Македонија да добие датум за преговори, по што сепак ќе треба да ги мобилизира своите внатрешни капацитети да постигне консензус меѓу политичките фактори од власта и од опозицијата во земјава.
„После кога ќе се почнат ќе треба да се седне и да се покаже конструктивност на сите македонски партии со цел да се дефинира еден заеднички став и со тоа да се излезе на маса да се преговара за да се затвори тоа прашање, нормално во насока на оние делумно дефинирани црвени линии кадешто нели јазикот и нацијата се нешто коешто не може воопшто да биде воопшто дискутирано“, вели политикологот Владимир Божиновски.
Пендаровски, кој е и претседател на Советот за безбедносни прашања и НАТО интеграции на СДСМ, вели дека на страната на опозицијата има подготвеност за дефинирање на македонските позиции, но самостојно нема да преземат ништо, зашто ги немаат сите информации за владините аранжмани што се преземени во однос на ова прашање.
„Ако власта има намера сериозно да влегува во процесот на преговори, а друг начин за деблокирање на нашата интеграција кон Брисел во декември, тогаш мора час поскоро да почнат преговорите тука во Скопје меѓу нас, да се направи широк, и политички и меѓуетнички консензус“, вели Пендаровски.
Во одговорот на меморандумот од грчка страна, Македонија предлага да се почитува времената спогодба, да се почитува Хашката пресуда, а министерот Попоски го кани и својот грчки колега да ја посети Македонија. Нашите пораки сè уште остануваат оскудни во поглед на некакви дефинирани и јасно поставени црвени линии.
Одговорот на Аврамопулос не е подготовка на терен. Од вчерашниот грчки одговор не добивам впечаток дека нешто тајно случува или дека се комуницира по некој втор канал, затоа мислам дека во овој момент разговорите - и по јавни и по евентуално тајни комуникациски канали се прекинати.Стево Пендаровски, универзитетски професор, претседател на Советот за безбедносни прашања и НАТО интеграции на СДСМ.
Сето ова покажува дека и нема можност да постои и некаква тајна дипломатија зашто таа би требало да ги следи изјавите дадени јавно и таа би требало да го подготвува теренот за тоа што треба да се случи, анализира професор Стево Пендаровски.
„Одговорот на Аврамопулос не е подготовка на терен. Од вчерашниот грчки одговор не добивам впечаток дека нешто тајно случува или дека се комуницира по некој втор канал, затоа мислам дека во овој момент разговорите - и по јавни и по евентуално тајни комуникациски канали се прекинати.“
Дел од експертите, пак, анализираат дека станува сè поголем притисокот во Грција и дека тоа и дава шанса на Македонија да добие датум за преговори, по што сепак ќе треба да ги мобилизира своите внатрешни капацитети да постигне консензус меѓу политичките фактори од власта и од опозицијата во земјава.
После кога ќе се почнат ќе треба да се седне и да се покаже конструктивност на сите македонски партии со цел да се дефинира еден заеднички став и со тоа да се излезе на маса да се преговара за да се затвори тоа прашање.Владимир Божиновски, политиколог.