Конфискуваниот имот на јавно наддавање

Државата преку јавно наддавање ќе го продава конфискуваниот имотна Драган Даравелски и Миодраг Марковиќ кои врз основа на правосилна судска одлука од 2007 и 2008 година го оштетиле Буџетот за 103 милиони денари, односно 544 милиони денари.
Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев денеска на прес-конференција информира дека одлуката за продажбата на конфискуваниот имот ја донела Владата на последната седница.
Покрај тоа што со продажбата на конфискуваниот имот се враќаат парите во Буџетот и ќе може да се употребат за проекти од интерес за граѓаните како училишта, болници, пензии и плати, посочи Ѓорѓиев, овој чин истовремено е значајна порака од државата кон лицата кои вршат криминал.