Хелсиншки комитет апелира до политичарите

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска упати апел до политичките партии да не ги злоупотребуваат граѓанските движења за пренесување на меѓупартиски пораки. Хелсиншкиот комитет го осудува лепење плакати низ центарот на Скопје со активистите на граѓанското движење АМАН, прикажани како марионети на опозициска партија. Во соопштението е наведено дека тој потег претставува директно лепење етикети врз движењето, со цел да се обои граѓанската инцијатива и да се омаловажи нејзината автентичност и цел, а тоа е постигнување на промена на социјалниот статус на граѓаните. Во продолжение е наведено дека ова се случува само неколку дена по заканите кои ги добија активистите при одржувањето на протест, кои Хелсиншкиот комитет најостро ги осуди.