Продлабочување на односите со САД и продолжување на поддршката за Македонија, очекува политичкиот врв и експертите по резиборот на Барак Обама за претседател.
Продлабочување на пријателството и партнерството меѓу САД и Македонија очекува претседателот Ѓорге Иванов по реизборот на Барак Обама за претседател на САД, при што му ја честита победата и му посака натамошен успех во извршувањето на функцијата.
„Ја користам оваа можност, господине претседателе, да Ви се заблагодарам за континуираната поддршка за исполнување на нашите највисоки стратешки цели – членството во НАТО и во Европската унија. Уверен сум дека во периодот што следи нашето стратешко партнерство ќе биде унапредено и збогатено, за што уште еднаш Ви ја искажувам нашата целосна подготвеност“, се вели во соопштението од кабинетот на Иванов.
Истите очекувања ги делат и политичките партии кои сметаат дека политиката на САД кон Македонија нема да биде променета.
Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, вели дека и натаму поддршката нема да биде изоставена.
„Минатиот пат видовме дека американската политика продолжува во ист правец кон поддршка на Македонија и овојпат очекуваме да биде така. Република Македонија има стратешко партнерство со САД и очекуваме да имаме силна поддршка во сите наши процеси во иднина.“
И министерот за одбрана Фатмир Бесими, кој е кадар од ДУИ, вели дека политиката на САД секогаш била конзистентна, но изрази очекување дека по изборите ќе биде ставен поголем фокус на евроатланската интеграција на Балканот.
„Соединетите Американски Држави, како еден од главните поддржувачи и стратешки партнери и за Македонија и за земјите од регионот, ќе има можност, ќе има време во овој период да се консултира и за прогресот на евроатланските интеграции.“
Поранешниот премиер Владо Бучковски, вели дека во изминатите 20 години од нашата независност политиката на САД кон Македонија и взаемните односи не зависеле од тоа која политичка партија е на власт.
„Мислам дека имаат конзистентна политика и не треба да очекуваме ништо спектакуларно, воопшто, не само во односите кон Македонија, туку воопшто во односите кон Западен Балкан.“
Потврдата за континуитетот на американската надворешна политика во однос на Балканот и Македонија пристигна и од американскиот амбасадор во земјава Пол Волерс за време на организираното следење на резултатите од изборите во САД.
„Двајцата кандидати и двете партии имаа за цел да го задржат солидниот однос со народот од Македонија и со регионот. Имаме многу силни врски и цврсто верувам дека Македонија нема подобар пријател од САД и очекуваме нашата врска континуирано да расте и во наредните недели, месеци и годините што доаѓаат.“
Според аналитичарот Алберт Муслиу, САД имаат долгорочна политика која не се менува со изборот на нов претседател.
„Обврска на балканските политичари и лидери е да се промовираат себе си на американската администрација.“
Обама со разлика од еден насто од гласовите го победи неговиот реубликански противкандидат Мит Ромни и се избори за уште еден четиригодишен мандат.
Ја користам оваа можност, господине претседателе, да Ви се заблагодарам за континуираната поддршка за исполнување на нашите највисоки стратешки цели – членството во НАТО и во Европската унија. Уверен сум дека во периодот што следи нашето стратешко партнерство ќе биде унапредено и збогатено, за што уште еднаш Ви ја искажувам нашата целосна подготвеност.Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија.
„Ја користам оваа можност, господине претседателе, да Ви се заблагодарам за континуираната поддршка за исполнување на нашите највисоки стратешки цели – членството во НАТО и во Европската унија. Уверен сум дека во периодот што следи нашето стратешко партнерство ќе биде унапредено и збогатено, за што уште еднаш Ви ја искажувам нашата целосна подготвеност“, се вели во соопштението од кабинетот на Иванов.
Истите очекувања ги делат и политичките партии кои сметаат дека политиката на САД кон Македонија нема да биде променета.
Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, вели дека и натаму поддршката нема да биде изоставена.
„Минатиот пат видовме дека американската политика продолжува во ист правец кон поддршка на Македонија и овојпат очекуваме да биде така. Република Македонија има стратешко партнерство со САД и очекуваме да имаме силна поддршка во сите наши процеси во иднина.“
И министерот за одбрана Фатмир Бесими, кој е кадар од ДУИ, вели дека политиката на САД секогаш била конзистентна, но изрази очекување дека по изборите ќе биде ставен поголем фокус на евроатланската интеграција на Балканот.
„Соединетите Американски Држави, како еден од главните поддржувачи и стратешки партнери и за Македонија и за земјите од регионот, ќе има можност, ќе има време во овој период да се консултира и за прогресот на евроатланските интеграции.“
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Двајцата кандидати и двете партии имаа за цел да го задржат солидниот однос со народот од Македонија и со регионот. Имаме многу силни врски и цврсто верувам дека Македонија нема подобар пријател од САД и очекуваме нашата врска континуирано да расте и во наредните недели, месеци и годините што доаѓаат.Пол Волерс, амбасадор на САД во Македонија.