Земјоделска Македонија троши стотици милиони долари за увоз на храна

Илустрација.

Во првите девет месеци годинава извозот на храна и живи животни е 242 милиони долари, а за увоз на вакви производи се потрошени 489 милиони долари.
Не треба да нè загрижува увозот на нафта и возила, но загрижува тоа што Македонија увезува храна и земјоделски производи. Вака, економистот, професор Зоран Ивановски го коментира големиот трговски дефицит на Македонија за кој вели дека е хронична болест на македонското стопанство.
Она што загрижува во билансот е големиот увоз на земјоделски производи и храна, кои сепак Република Македонија има капацитет и можности да ги надмине и да го зголеми извозот на тие производи на странските пазари со што би се избалансирал трговскиот дефицит. Она што е поволно кај дефицитот е кога тој е генериран од увоз на машини и опрема со кои ќе се генерира понатамошен раст на националната економија.
Зоран Ивановски, универзитетски професор.

Трговскиот дефицит на Македонија во првите девет месеци годинава изнесува 1,76 милијарди долари, соопшти Државниот завод за статистика. Најголемиот дел од дефицитот се должи на увозот на минерални горива, мазива и сродни производи и на машини и транспортни уреди. За илустрација, во првите девет месеци годинава, 1,23 од 1,76 милијарди долари е дефицит што се должи на овие две категории производи.

Увозот на нафта и на возила се нефлексибилни категории и на нив не може многу да влијаеме, вели Ивановски. Во делот на енергенсите треба да се размислува за инвестиции во обновливи извори на енергија, како ветерот и сонцето, вели тој, но од автомобилска индустрија сме далеку.
Воглавно извезуваме сурови производи, нефинализирани, кои со додадена вредност ќе имаат повисока цена на пазарот и ќе генерираат поголеми суми од извоз. Сè додека тоа не го придвижиме да го направиме како што треба, ние ќе имаме голем дефицит.
Борис Анакиев, универзитетски професор.

„Она што загрижува во билансот е големиот увоз на земјоделски производи и храна, кои сепак Република Македонија има капацитет и можности да ги надмине и да го зголеми извозот на тие производи на странските пазари со што би се избалансирал трговскиот дефицит. Она што е поволно кај дефицитот е кога тој е генериран од увоз на машини и опрема со кои ќе се генерира понатамошен раст на националната економија“, вели Ивановски.

Во првите девет месеци годинава извозот на храна и живи животни е 242 милиони долари, а за увоз на вакви производи се потрошени 489 милиони долари, што значи дека трговскиот дефицит за девет месеци, за увоз на храна и живи животни е скоро 250 милиони долари. Во трговијата со тутун и пијалоци, пак, Македонија остварила позитива од околу 120 милиони долари од јануари до септември годинава.

Професор Борис Анакиев од Земјоделскиот факултет во Скопје вели дека дефицитот во трговијата со храна е голема болка на Македонија. Не можеме да си ја задоволиме потребата од жито, затоа што имаме релативно неповолни услови и затоа увозното е поевтино. Скапото жито, повлекува и скапа добиточна храна и со тоа и месото станува скапо и неконкурентно. Освен житото и месото, најголем дел од дефицитот се должи и на маслото за јадење и шеќерот. Овошјето, зеленчукот, тутунот и јагнешкото месо се наша предност, но треба да го зголемиме извозот на готови производи, а не на суровини, вели Анакиев.

„Воглавно извезуваме сурови производи, нефинализирани, кои со додадена вредност ќе имаат повисока цена на пазарот и ќе генерираат поголеми суми од извоз. Сè додека тоа не го придвижиме да го направиме како што треба, ние ќе имаме голем дефицит“, вели Анакиев.

Од јануари до септември фирмите од земјава извезле стоки во вредност од 2,929 милијарди долари, а од странство увезле стока во вредност од 4,490 милијарди долари.